مجمع أهرامات الجيزة
( Пирамиди во Гиза )- За другите значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
Пирамидалниот комплекс во Гиза (арап. أهرامات الجيزة, "пирамиди во Гиза") е археолошко наоѓалиште во Гиза, во предградието на Каиро, Египет.
Овој комплекс на антички споменици вклучува три пирамидални комплекси познати како Големите Пирамиди, масивната скулптура позната како Големата Сфинга, неколку гробиштата, село на работници и индустриски комплекс. Тој се наоѓа во Западната пустина, околу 9 км западно од реката Нил во стариот град Гиза и околу 13 км југозападно од центарот на градот Каиро.
Пирамидите, кои историски биле често сметани за симболи на Стар Египет во Западната имагинација, биле популаризирани во хеленистичкиот период, кога Големата пирамида била наречена од страна на Антипатар од Сидон една од Седумте светски чуда. Таа е најстара од античките чуда и единдтвената која сè уште постои.
Add new comment