秋葉原
( Акихабара )Акихабара (јапонски: 秋葉原), исто така позната како „Електричен град Акихабара“ (秋葉原電気街 Akihabara Denki Gai), е област во Токио, Јапонија. Се наоѓа на помалку од пет минути од станицата Токио ако се патува со воз. Во Јапонија нејзиното име често се крати на Акиба (アキバ). Иако во близина постои официјална месност наречена Акихабара (како дел од Таито-ку), која со канџи се пишува исто (秋葉原), областа позната како Акихабара на повеќето луѓе (вклучувајќи ја и железничката станица со истото име) ја вклучува и областа Сото Канда, дел од реонот Чијодаку.
Add new comment