Amasya

( Амасија )

Амасија (грчки: Ἀμάσεια) — град во северна Турција и е главен град на провинцијата Амасија, во регионот на Црното Море. Токат сер наоѓа на исток, Јозгат на југ, Чорум од запад, Самсун на север.

Градот Амасија или Амасеија, се наоѓа во планините над Црното Море, издвојувајќи го од остатокот од Анадолија во тесна долина по должината на бреговите на реката Ешилирмак. Иако градот е во близиина на Црно Море, оваа област е високо над крајбрежјето и има внатрешна клима, добро прилагодена за одгледување јаболка, по која е позната провинцијата Амасија, една од провинциите во северо-централна Анадолија. Во овој град се родил географот Страбон и научникот и лекар од 15 век Амирдовлат Амасијаци. Градот има историја од 7.500 години со траги кои се видливи до денес.

Во антиката, Амасеја бил утврден град високо на карпите над реката. Има долга историја како богат провинциски главен град, од кој потекнуваат и многу кралеви и принцови, уметни...Read more

Амасија (грчки: Ἀμάσεια) — град во северна Турција и е главен град на провинцијата Амасија, во регионот на Црното Море. Токат сер наоѓа на исток, Јозгат на југ, Чорум од запад, Самсун на север.

Градот Амасија или Амасеија, се наоѓа во планините над Црното Море, издвојувајќи го од остатокот од Анадолија во тесна долина по должината на бреговите на реката Ешилирмак. Иако градот е во близиина на Црно Море, оваа област е високо над крајбрежјето и има внатрешна клима, добро прилагодена за одгледување јаболка, по која е позната провинцијата Амасија, една од провинциите во северо-централна Анадолија. Во овој град се родил географот Страбон и научникот и лекар од 15 век Амирдовлат Амасијаци. Градот има историја од 7.500 години со траги кои се видливи до денес.

Во антиката, Амасеја бил утврден град високо на карпите над реката. Има долга историја како богат провинциски главен град, од кој потекнуваат и многу кралеви и принцови, уметници, научници, поети и мислители, од кралевите на Понт, преку Страбон, до многу генерации на османлиската царска династија. Со своите дрвени куќи во османлискиот период и гробниците на кралите на Понт, врежани во карпите, Амасија е привлечна за посетителите. Во последниве години има многу инвестиции во туризмот и затоа повеќе странски и турски туристи го посетуваат градот.

За време на раното османлиско владеење било вообичаено младите османлиски принцови да бидат испраќани во Амасија за да управуваат и да стекнуваат искуство. Амасија бил родно место и на османлиските султани Мурад I и Селим I . Поради тоа градот е од големо значење во однос на османлиската историја. Обновени се традиционалните османлиски куќи во близина на реката и другите главни историски градби; овие традиционални куќи на Јалибују сега се користат како кафулиња, ресторани, пабови и хотели. Зад османлиските дрвени куќи може да се видат карпести гробници на понтиските кралеви.

Photographies by:
Statistics: Position
1802
Statistics: Rank
70449

Add new comment

CAPTCHA
Security
897423561Click/tap this sequence: 6466
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Амасија ?

Booking.com
493.138 visits in total, 9.215 Points of interest, 405 Destinations, 39 visits today.