Банска Штијавница (словачки: Banská Štiavnica; германски: Schemnitz; унгарски: Selmecbánya (Selmec)) — град во централна Словачка кој се наоѓа во средина на огромна калдера, создадена по колапсот на стар вулкан. Поради својата големина калдерата е позната под името Штијавнички Планини. Самиот град има околу 10.000 жители. Тој е целосно сочуван средновековен град. Поради својата историска вредност, градот со околината бил прогласен за светско наследство од УНЕСКО на 11 декември 1993 година.
Add new comment