Eesti
ЕстонијаContext of Естонија
Република Естонија (естонски: Eesti Vabariik) или само Естонија (Eesti) — држава во Источна Европа. Естонија се граничи со Латвија на југ, со Русија на исток, додека на север излегува на Финскиот Залив, а на запад излегува на Балтичкото Море. Вкупната површина на Естонија изнесува 45.227 км2 каде живеат околу 1,3 милиони жители. Главен и најголем град во државата е Талин, додека службен јазик е естонскиот.
Населувањето на денешната територија на Естонија започнала уште во 8500 п.н.е. Низ историјата, Естонците биле под владеење на околните силни држави, како на пример Шведска, Русија или Данска. Странската власт во Естонија започнала уште во 1227 година. Одреден период територијата била под владеење на Германија и Данска, додека во 1500-те години Естонија била под шведска управа. Од 1710 година територијата била под руска управа, следена од советско владеење за да на 20 август 1991 година Естонија се стекне со својата целосна независност....Read more
Република Естонија (естонски: Eesti Vabariik) или само Естонија (Eesti) — држава во Источна Европа. Естонија се граничи со Латвија на југ, со Русија на исток, додека на север излегува на Финскиот Залив, а на запад излегува на Балтичкото Море. Вкупната површина на Естонија изнесува 45.227 км2 каде живеат околу 1,3 милиони жители. Главен и најголем град во државата е Талин, додека службен јазик е естонскиот.
Населувањето на денешната територија на Естонија започнала уште во 8500 п.н.е. Низ историјата, Естонците биле под владеење на околните силни држави, како на пример Шведска, Русија или Данска. Странската власт во Естонија започнала уште во 1227 година. Одреден период територијата била под владеење на Германија и Данска, додека во 1500-те години Естонија била под шведска управа. Од 1710 година територијата била под руска управа, следена од советско владеење за да на 20 август 1991 година Естонија се стекне со својата целосна независност. Од 1 мај 2004 година Естонија е дел од Европската Унија.