Indonesia
ИндонезијаContext of Индонезија
Индонезија, службено Република Индонезија, е држава која се наоѓа во Југозападна Азија и Океанија. Индонезија е составена од 17 508 острови и 33 провинции. Со над 260 милиони жители, Индонезија е четвртата најнаселена држава во светот и е земја со најголем број на муслимани. Индонезија е република, со законодавно тело и претседател кои се директно избрани. Главен град на Индонезија е Џакарта. Индонезија копнено се граничи со Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Малезија. Други соседни земји се Сингапур, Филипини, Австралија и индиските Андамански и Никобарски острови. Индонезија е една од земјите-основачи на ASEAN (Асоцијација на земји од југоисточна Азија) и е членка на големите економии Г-20. Индонезиската економија е осумнаесетта во светот според номинален БДП и петнаесетта најголема во светот според паритетот на куповната моќ.
Индонезискиот архипелаг е важен трговски регион уште од 7 век кога империјата Шривиџаја а потоа и Маџапхит тргувале со Кина и Индија. Локални...Read more
Индонезија, службено Република Индонезија, е држава која се наоѓа во Југозападна Азија и Океанија. Индонезија е составена од 17 508 острови и 33 провинции. Со над 260 милиони жители, Индонезија е четвртата најнаселена држава во светот и е земја со најголем број на муслимани. Индонезија е република, со законодавно тело и претседател кои се директно избрани. Главен град на Индонезија е Џакарта. Индонезија копнено се граничи со Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Малезија. Други соседни земји се Сингапур, Филипини, Австралија и индиските Андамански и Никобарски острови. Индонезија е една од земјите-основачи на ASEAN (Асоцијација на земји од југоисточна Азија) и е членка на големите економии Г-20. Индонезиската економија е осумнаесетта во светот според номинален БДП и петнаесетта најголема во светот според паритетот на куповната моќ.
Индонезискиот архипелаг е важен трговски регион уште од 7 век кога империјата Шривиџаја а потоа и Маџапхит тргувале со Кина и Индија. Локалните владетели постепено примиле од странските културни, религиски и политички модели од раните векови и со тоа се развиле Будистичките и Хиндуистичките кралства. Историјата на Индонезија била под влијание на странските сили кои биле привлечени од природните ресурси на земјата. Муслиманските трговци го донеле исламот, а Европејците христијанството и тие меѓусебно војувале за да ја монополизираат трговијата на Островот на зачините Маику за време на големите географски откритија. По холандскиот колонијализам кој траеел три и пол века, Индонезија ја обезбедила својата независност по Втората светска војна. Оттогаш индонезиската историја е турбулентна, со предизвици поставени од природни катастрофи, корупција, сепаратизам, процес на демократизација и периоди на брзи економски промени.
Низ своите бројни острови, Индонезија има различни етнички, лингвистички и религиозни групи. Јаванската етничка група е најголема и најдоминантна во политиката. Индонезија има развиено заеднички идентитет дефиниран со национален јазик, етничка разновидност, религиозен плурализам со муслиманско мнозинство и историја на колонијализам и отпор против колонијализмот. Националното мото на Индонезија „Bhinneka Tunggal Ika“ („единство во различноста“ или буквално „многу, а сепак едно“) јасно ја изразува разновидноста која ја обликува оваа држава. И покрај големиот број на жители и густо населените региони, Индонезија има огромни области со дивина благодарение на кои таа се наоѓа на второто место во светот со најголем степен на биоразновидност. Земјата е богато обдарена со природни ресурси, но сепак сиромаштијата останува широко распространета во современа Индонезија.
More about Индонезија
- Currency Индонезиска рупија
- Native name Indonesia
- Calling code +62
- Internet domain .id
- Mains voltage 230V/50Hz
- Democracy index 6.3
- Population 270203917
- Area 1904570
- Driving side left