Context of Шведска

Шведска (шведски: Sverige) или официјално Кралство Шведска (шведски:  Konungariket Sverige ) — држава во Северна Европа на Скандинавскиот Полуостров. Шведска граничи со Норвешка на запад, со Финска на североисток. На југ е поврзана со Данска со Ересундскиот мост. Главен град на Шведска е Стокхолм, што е и најголем град во државата со 1,3 милиони жители во градот или 2 милиони жители во метрополитенската област.

Со своите 450.295 километри квадратни, Шведска е трета најголема држава во Европската Унија според територија и има вкупно население од 9,2 милиони жители. Според тоа, Шведска има низок степен на густина на население со 21 жител на километар квадратен, но со повисок степен на југот на земјата. Околу 85% од населението на кралството живее во урбаните средини и се очекува овој процент да се зголеми поради урбанизацијата на земјата. Покрај главниот град, втор најголем град е Гетеборг...Read more

Шведска (шведски: Sverige) или официјално Кралство Шведска (шведски:  Konungariket Sverige ) — држава во Северна Европа на Скандинавскиот Полуостров. Шведска граничи со Норвешка на запад, со Финска на североисток. На југ е поврзана со Данска со Ересундскиот мост. Главен град на Шведска е Стокхолм, што е и најголем град во државата со 1,3 милиони жители во градот или 2 милиони жители во метрополитенската област.

Со своите 450.295 километри квадратни, Шведска е трета најголема држава во Европската Унија според територија и има вкупно население од 9,2 милиони жители. Според тоа, Шведска има низок степен на густина на население со 21 жител на километар квадратен, но со повисок степен на југот на земјата. Околу 85% од населението на кралството живее во урбаните средини и се очекува овој процент да се зголеми поради урбанизацијата на земјата. Покрај главниот град, втор најголем град е Гетеборг со 500.000 жители и трет најголем град е Малме.

Шведска е уставна монархија со парламентарен систем на владеење и со високо развиена економија. Шведска е дел од Европската Унија од 1 јануари 1995 година. Како независна држава се воздигнала во средновековието. За време на XVII век државата ги проширила своите територии и се создало Шведското царство. Повеќето освоени територии надвор од Шведска биле освоени за време на XVIII и XIX век. Источниот дел од Шведска (денес Финска) бил изгубен во 1809 и потпаднал под власт на Русија. Последната војна во која Шведска директно било инволвирана во 1814 година кога шведската војска ја принудила Норвешка да ја оформат Шведско-норвешката унија која траела до 1905. Оттогаш, Шведска е земја која го поддржува мирот и е неутрална држава.

More about Шведска

Basic information
  • Currency Шведска круна
  • Native name Sverige
  • Calling code +46
  • Internet domain .se
  • Mains voltage 230V/50Hz
  • Democracy index 9.26
Population, Area & Driving side
  • Population 10551707
  • Area 447425
  • Driving side right

Phrasebook

Две
Två
Три
Tre
Четири
Fyra
Петка
Fem
Шест
Sex
Седум
Sju
Осум
Åtta
Девет
Nio
Десет
Tio
Повлечете
Dra
Пијте
Dryck
Забрането
Förbjuden

Where can you sleep near Шведска ?

Booking.com
493.026 visits in total, 9.215 Points of interest, 405 Destinations, 102 visits today.