Долмабахче (турски: Dolmabahçe Sarayı — дворец кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Дворецот, кој денеска служи како музеј се наоѓа на европскиот дел на градот во реонот на Бешикташ. Овој објект бил изграден во времето на османлискиот султан Абдул Меџит I во периодот помеѓу 1842 и 1853 година. Во периодот од 1856 до 1887 година и во периодот од 1909 до 1922 година, дворецот служел како резиденција на османлискиот султан. По 1922 година во него живеал Кемал Ататурк каде починал во 1938 година.
Add new comment