Geirangerfjorden
( Гејрангер-фјорд )Гејрангер-фјорд (Geirangerfjorden) — фјорд во областа Сунмере, сместен во најјужниот дел на округот Мере ог Румсдал во Норвешка. Ова е 15 км долг ракав на фјордот Стур-фјорд (Голем Фјорд). На завршетокот на фјордот се наоѓа селцето Гејрангер.
Овој фјорд е едно од најпосетуваните туристички места во Норвешка и од 2005 г. е заштитен од УНЕСКО како светско наследство, заедно со фјордот Нереј-фјорд, иако овој статус се доведува во прашање со планиранираната изградба на далноводи.
На Гејрангерфјорд постојано му се заканува планината Окернесет која е готова да одрони во фјордот. Ваквиот одрон би предизвикал цунами, кој за 10 минути би ги подогил блиските места како Гејрангер и Хелесилт.
Покрај фјордот се расположени повеќе напуштени чифлизи. Some restoration has been made by the здружението „Пријатели на Стур-фјорд“ (Storfjordens venner). Најпосетени од нив се Скагефло, Книвсфло и Бломберг. До Скагефло се доаѓа и пешки од Гејрангер, додека другите с...Read more
Гејрангер-фјорд (Geirangerfjorden) — фјорд во областа Сунмере, сместен во најјужниот дел на округот Мере ог Румсдал во Норвешка. Ова е 15 км долг ракав на фјордот Стур-фјорд (Голем Фјорд). На завршетокот на фјордот се наоѓа селцето Гејрангер.
Овој фјорд е едно од најпосетуваните туристички места во Норвешка и од 2005 г. е заштитен од УНЕСКО како светско наследство, заедно со фјордот Нереј-фјорд, иако овој статус се доведува во прашање со планиранираната изградба на далноводи.
На Гејрангерфјорд постојано му се заканува планината Окернесет која е готова да одрони во фјордот. Ваквиот одрон би предизвикал цунами, кој за 10 минути би ги подогил блиските места како Гејрангер и Хелесилт.
Покрај фјордот се расположени повеќе напуштени чифлизи. Some restoration has been made by the здружението „Пријатели на Стур-фјорд“ (Storfjordens venner). Најпосетени од нив се Скагефло, Книвсфло и Бломберг. До Скагефло се доаѓа и пешки од Гејрангер, додека другите се пристапни само со чамец. Во фјордот се наоѓаат и неколку забележителни водопади.
Во местото оперира и автомобилски траект кој воедно служи и како туристички брод. Тој плови долж фјордот помеѓу селата Гејрангер и Хелесилт.
Add new comment