Карелски јазик

Карелски (karjala, karjal или kariela) — балтофински јазик, дел од групата на уралски јазици. Карелскиот се зборува во руската Република Карелија. Карелскиот е сроден со финскиот јазик и некои фински јазичари го сметаат карелскиот за дијалект на финскиот јазик.

Денес нема стандарден карелски јазик, па така секој писател си користи одреден дијалект. Пишаните норми биле развиени за севернокарелскиот, односно олонецкиот, тверскиот и лјудскиот дијалект. Сите дијалекти, освен тверскиот, се пишуваат на латиница.