Carnaval do Brasil ( Карневал во Бразил )

Карневалот на Бразил (според Гинисовата книга на светски рекорди, градот Салвадор е домаќин на најголемата улична забава во светот) е фестивал кој се одржува еднаш годишно, четириесет и шест дена пред Велигден. Во одредени денови од Големиот пост, римокатолиците и некои други христијани се апстинираат од конзумирање на месо и живина па оттука и терминот "карневал" од "carnelevare" што значи отстранување (буквално, "воздигнување") на месото. Се верува дека карневалските прослави водат потекло од паганскиот фестивал на Сатурналија (Satirnalia), кој прилагоден на христијанството, претставува збогување со лошите навики во периодот на верска дисциплина со цел да се практикува покајание и подготовка за Христовата смрт и воскресение.

Ритамот, учеството и костимите се разликуваат од еден до друг регион на Бразил. Во североисточните градови Рио де Жанеиро и Сао Паоло, огромни организирани паради се предводени од страна на самба училишта. Овие официјални паради се наменети за јавно следење, додека помалите паради ("blocos"), кои овозможуваат учество на јавноста, можат да се сретнат во други градови. Североисточните градови Салвадор (Salvador), Порто Сегуро (Porto Seguro) и Ресифе (Recife) имаат организирани групи кои парадираат низ улиците а публиката има директна интеракција со нив. Овој карневал е под силно влијание на африканско-бразилската култура. Народните толпи го следат текот на trio electricos (електричното трио) низ градските улици. Исто така, во североисточниот дел, карневалот на Олинда (Olinda) се одликува со оригинални карактеристики, од кои дел се резултат на влијанието на венецијанскиот карневал, во комбинација со културните отсликувања на локалниот фолклор.

Карневалот е најпознатата прослава во Бразил и прерасна во настан од широки размери. Останатите активности во земјата целосно преминуваат во сенка речиси една недела, додека веселбите се интензивни, ден и ноќ, обично во крајбрежните градови. Потрошувачката на пиво изнесува 80% од годишната потрошувачка на истото а туризмот пречекува 70% од вкупниот број на посетители годишно. Владата покренува распределба на презервативи и отпочнува кампањи за подигнување на свеста во овој период, со цел да се спречи ширењето на СИДАТА.

Destinations