کاروانسرا ( Карвансарај )

Карвансарај — гостилница со преноќиште, за одмор на патниците што патуваат со караван и со голем двор за сместување на коњите и стоката при нивното долго патување. Главно се наоѓале во Азија, Северна Африка и Југоисточна Европа. Карвансараите значително придонеле за создавање на Патот на свилата.

Караванските станици биле лоцирани на места што обезбедувале одмор и сместување за луѓето и товарните животни, складишта за стоката и заштита на учесниците во караванот. Овие места се наоѓале покрај патиштата. Застанувањето на караванот значело можност за понуда на сместување за луѓе и стоки, закрепнување, замена на коњи, но и размена на стоки (купување и продавање), така што многу каравански станици на крајот прераснале во трговишта.

Destinations