الهرم الأكبر

( Кеопсова пирамида )

Кеопсова пирамида (Голема пирамида во Гиза или Пирамида на Куфу) — најстара и најголема од трите пирамиди во некрополата во Гиза, и е единственото до денес сочувано светско чудо од седумте чуда на античкиот свет. Се смета дека пирамидата била изградена како гробница за кралот на четвртата египетска династија, Куфу (на грчки Кеопс) и се градела во период од 20 години, сè до 2560 г. п.н.е. Кеопсовата пирамида била највисока градба во светот изградена од човек повеќе од 3800 г. На почетокот, Кеопсовата пирамида била покриена со камења кои формирале рамна надворешна површина, а денес може да се види основната внатрешна структура. Некои од надворешните камења кои некогаш ја обвивале градбата сè уште можат да се видат околу основата.

Постојат различни научни и алтернативни теории во врска со техниките на изградба на Кеопсовата пирамида. Најприфатливите теории се засноваат на идејата дека таа била изградена со вадење на големи камени блокови од каменолом и со вл...Read more

Кеопсова пирамида (Голема пирамида во Гиза или Пирамида на Куфу) — најстара и најголема од трите пирамиди во некрополата во Гиза, и е единственото до денес сочувано светско чудо од седумте чуда на античкиот свет. Се смета дека пирамидата била изградена како гробница за кралот на четвртата египетска династија, Куфу (на грчки Кеопс) и се градела во период од 20 години, сè до 2560 г. п.н.е. Кеопсовата пирамида била највисока градба во светот изградена од човек повеќе од 3800 г. На почетокот, Кеопсовата пирамида била покриена со камења кои формирале рамна надворешна површина, а денес може да се види основната внатрешна структура. Некои од надворешните камења кои некогаш ја обвивале градбата сè уште можат да се видат околу основата.

Постојат различни научни и алтернативни теории во врска со техниките на изградба на Кеопсовата пирамида. Најприфатливите теории се засноваат на идејата дека таа била изградена со вадење на големи камени блокови од каменолом и со влечење и подигнување до местото каде што се градела пирамидата.

Познати се три простории во Кеопсовата пирамида. Најниската го засекува темелот врз кој била изградена пирамидата, и не е довршена. Таканаречените Одаја на кралицата и Одаја на кралот се наоѓаат ниво повисоко во структурата на пирамидата. Кеопсовата пирамида е основниот дел од комплексот градби кој вклучува два меморијални храмови во чест на Кеопс (еден во близина на пирамидата и еден во близина на Нил), три помали пирамиди за сопругата на Кеопс, една уште помала „сателитска“ пирамида, пат кој ги поврзува двата храма, и мали мастаба-гробници на благородниците, кои ја обиколуваат пирамидата.

Photographies by:
Nina - CC BY 2.5
Statistics: Position
43
Statistics: Rank
1059004

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
365897412Click/tap this sequence: 1287

Google street view

Where can you sleep near Кеопсова пирамида ?

Booking.com
490.296 visits in total, 9.200 Points of interest, 404 Destinations, 64 visits today.