Ханський палац (Бахчисарай)

( Хански дворец (Бахчисарај) )

Ханската палата или Хансарај (кримскотатарски: Han Saray, украински: Ханський палац) — дворец кој се наоѓа во градот Бахчисарај, Крим. Дворецот бил изграден во 16 век и станал седиште на кримските ханови. Внатрешноста на палатата е украсена во традиционален кримско-татарски стил од 16 век и претставува историски и културен споменик од глобално значење поради својот редок пример за кримско-татарската архитектура. Денес, Ханската палата е една од најпознатите муслимански палати што се наоѓаат во Европа, заедно со Топкапи-сарај, Долмабахче, Јилдиз, Ајналикавак, Одрински сарај, Чираган во Турција и Алхамбра во Шпанија.

Во просториите на палатата денес се наоѓа Кримско-татарскиот музеј за културно-историски науки и музејот на кримско-татарската уметност, каде е изложено различен вид на оружје. Територијата на комплексот на палатата зазема 4,3 хектари. Претходно, областа на комплексот бил 18 хектари.

Палатата се наоѓа на левиот брег на реката Чуру...Read more

Палатата се наоѓа на левиот брег на реката Чурук-Су. Комплексот се состои од џамија, харем, гробишта (турбе), живеалишта и градини, две порти (северна и јужна), плоштад, главна зграда, штали, библиотека итн. Архитектонскиот стил на палатата ја продолжува традицијата на отоманската архитектура од XVI-XVII век. Главната идеја на архитектурата е олицетворение на муслиманската идеја на рајската градина на земјата. Самиот поим „Бахчисарај“ е преведен како дворец на градината. Во палатата има многу дворови со дрвја, цвеќиња и фонтани.

Во Русија, која ја контролира спорната територија на Крим, објект е вклучен во списокот на културно наследство од федерално значење, додека во Украина објектот е споменик на културно наследство од национално значење.

Photographies by:
Statistics: Position
2561
Statistics: Rank
47987

Add new comment

CAPTCHA
Security
425816973Click/tap this sequence: 6112
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Хански дворец (Бахчисарај) ?

Booking.com
539.541 visits in total, 9.234 Points of interest, 405 Destinations, 28 visits today.