Hasandağı

( Хасандаг )

Хасандаг (турски: Hasan Dağı) — згаснат стравовулкан во покраината Аксарај, средна Турција. Со висина од 3268 м, важи за втора планина по висина во Средна Анадолија. Близу врвот е образувана калдера широка 4-5 км, некаде околу 7500 г. п.н.е., во избув за кој сведочат цртежи од новото камено време (неолитот).

Според наодите, населението на неолитската населба Чаталхојук собирало опсидијан од подрачјето на планината, кој потоа го разменувале со други населби во замена за луксузни добра. Пронајдени се и огледала и деланки од опсидијан. Важноста Хасандаг за жителите на Чаталхојук е видлива по ѕидниот живопис на кој е претставена, па затоа некои го нарекуваат „првиот предел“.

За време на Византиско-арапските војни, планината имала улога на втора испостава од југ во византискиот систем на светилници за предупредување на Цариград од напади.

Сметајќи од највисокото место пристапно со автомобил, планината се искачува за околу 6 часа. ...Read more

Хасандаг (турски: Hasan Dağı) — згаснат стравовулкан во покраината Аксарај, средна Турција. Со висина од 3268 м, важи за втора планина по висина во Средна Анадолија. Близу врвот е образувана калдера широка 4-5 км, некаде околу 7500 г. п.н.е., во избув за кој сведочат цртежи од новото камено време (неолитот).

Според наодите, населението на неолитската населба Чаталхојук собирало опсидијан од подрачјето на планината, кој потоа го разменувале со други населби во замена за луксузни добра. Пронајдени се и огледала и деланки од опсидијан. Важноста Хасандаг за жителите на Чаталхојук е видлива по ѕидниот живопис на кој е претставена, па затоа некои го нарекуваат „првиот предел“.

За време на Византиско-арапските војни, планината имала улога на втора испостава од југ во византискиот систем на светилници за предупредување на Цариград од напади.

Сметајќи од највисокото место пристапно со автомобил, планината се искачува за околу 6 часа. Врвот дава величествен поглед на средишниот дел на Анадолската Висорамнина со далечната Кападокија.

Photographies by:
calflier001 - CC BY-SA 2.0
Statistics: Position
1001
Statistics: Rank
111289

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
532497861Click/tap this sequence: 9452

Google street view

Where can you sleep near Хасандаг ?

Booking.com
490.208 visits in total, 9.198 Points of interest, 404 Destinations, 83 visits today.