Храмот Бесаких (балиски: ᬧᬸᬭᬩᭂᬲᬓᬶᬄ) е комплекс пура во селото Бесаких на падините на планината Агунг во источниот дел на Бали, Индонезија. Тој е најважниот, најголемиот и најсветиот храм на балискиот хиндуизам и еден од низата балиски храмови. Сместен на речиси 1000 метри од страната на Гунунг Агунг, тој е обемен комплекс од 23 посебни, но поврзани храмови, а најголемиот и најважниот е Пура Пенатаран Агунг. Храмот е изграден на шест нивоа, терасовиден по падината. Влезот е означен со канди бентар (поделена порта), а надвор од него Кори Агунг е портата кон вториот двор.
Add new comment