Килиманџаро

Килиманџаро (свахили: Kilimanjaro) — највисок планински масив во Африка. Се наоѓа во североисточна Танзанија, на границата со Кенија. Составен е од три вулкани: Шира, Мавензи и Кибо. Највисокиот врв се наоѓа на 5.895 метри надморска височина.

Килимаџаро е вулканска планина која е под постојан снег и мраз. Се состои од 3 купи и има повеќе вегетациски појаси. До 1 000 м височина се простираат прашуми, од 1 000 до 2 000 м има савани и ниви, од 2 000 до 4 000 м шуми и над нив планински ливади и пасишта. Снежната граница е над 5 000 м.

Килиманџаро со својата височина од 5 895 метри е највисоката планина во Африка. Местоположбата е во североисточна Танзанија, во близина на границата со Кенија. Таа височина овозможува на врвот да има „вечен снег“ и покрај тоа што таа се наоѓа на само 330 километри јужно од Екваторот. Друга карактеристика е тоа што оваа планина ја има најголемата висинска разлика помеѓу рамнината на подножјето и врвот: 4600 ...Read more

Килиманџаро (свахили: Kilimanjaro) — највисок планински масив во Африка. Се наоѓа во североисточна Танзанија, на границата со Кенија. Составен е од три вулкани: Шира, Мавензи и Кибо. Највисокиот врв се наоѓа на 5.895 метри надморска височина.

Килимаџаро е вулканска планина која е под постојан снег и мраз. Се состои од 3 купи и има повеќе вегетациски појаси. До 1 000 м височина се простираат прашуми, од 1 000 до 2 000 м има савани и ниви, од 2 000 до 4 000 м шуми и над нив планински ливади и пасишта. Снежната граница е над 5 000 м.

Килиманџаро со својата височина од 5 895 метри е највисоката планина во Африка. Местоположбата е во североисточна Танзанија, во близина на границата со Кенија. Таа височина овозможува на врвот да има „вечен снег“ и покрај тоа што таа се наоѓа на само 330 километри јужно од Екваторот. Друга карактеристика е тоа што оваа планина ја има најголемата висинска разлика помеѓу рамнината на подножјето и врвот: 4600 метри. Килиманџаро е планина со три вулкански кратери кои се претпоставува дека последен пат еруптирале пред 100000 години.

Највисоката точка (5.895 м) — врвот Ухуру (дел од т.н. „седум врвови“) на вулканот Кибо кој на врвот има кратер кој е широк околу 2,5 км. Првото искачување е направено во 1889 година. Другите два врва се исто така згаснати вулкани: врвот Мавензи (5 149 м) кој е трет највисок врв во Африка после Монт Кенија (5199м) и врвот Шира (3 962 м).

Додека за Мавензи се препорачува да се знаат техники за качување карпа и мраз, искачувањето на највисоката точка – Ухуру, бара само внимателна аклиматизација и доволна физичка подготвеност без никакво планинарско искуство. Годишни околу 15 000 луѓе се обидуваат да застанат на врвот, а од нив успеваат околу 40%. Најдобри месеци за качување кои се препорачуваат се Декември, јануари, Февруари, Март, Јуни, Јули и Август.

Иако вулканот од внатре е тивок, од надвор се случуваат работи кои ги загрижуваат научниците, месното население, но и пошироката јавност. Ледниците кои се на врвот во изминатите 11 700 години почнуваат со голема брзина да се топат. Во изминатите 100 години волуменот на мразот се има истопено за цели 80%, а се проценува дека мразот целосно ќе се стопи помеѓу 2015 и 2020 година. Иако сè уште се полемизира околу причините за топењето, исчезнувањето на мразот од Килиманџаро има сериозни климатолошки и хидролошки последици врз месното население кое зависи од таа вода за време на сувите периоди…

Photographies by:
Sergey Pesterev - CC BY-SA 4.0
Statistics: Position
346
Statistics: Rank
221557

Add new comment

CAPTCHA
Security
654981237Click/tap this sequence: 9351
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Килиманџаро ?

Booking.com
492.912 visits in total, 9.215 Points of interest, 405 Destinations, 52 visits today.