Ланваирпулгвингилгогерихверндробуландисилиогогогох


Ланваирпулгвингилгогерихверндробуландисилиогогогох (велшки јазик: Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch}}  слушај ) — село кое се наоѓа во Англси, Велс. Селото се наоѓа на северниот брег на протокот Менај, во близина на градот Бангор. Во селото постои железничка станица и мало пристаниште.

Населението на селото е 3040 жители според податоците од пописот од 2001 година, од кои 76% зборуваат велшки течно; најголем процент од говорниците биле во возрасната група од 10-14 години, каде што 97,1% говореле на велшки јазик. До времето на Пописот во 2011 година населението се зголемило на 3.107, од кои 70,62% биле во можност да зборуваат велшки. Населеното место е шесто најголемо населено место на островот по население.

Долгата форма на името била измислена за промотивни цели во 1860-тите години. Дотогаш селото се нарекувало Ланвајрпулгуингил (Llanfairpwllgwyngyll, или во превод „Црк...Read more


Ланваирпулгвингилгогерихверндробуландисилиогогогох (велшки јазик: Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch}}  слушај ) — село кое се наоѓа во Англси, Велс. Селото се наоѓа на северниот брег на протокот Менај, во близина на градот Бангор. Во селото постои железничка станица и мало пристаниште.

Населението на селото е 3040 жители според податоците од пописот од 2001 година, од кои 76% зборуваат велшки течно; најголем процент од говорниците биле во возрасната група од 10-14 години, каде што 97,1% говореле на велшки јазик. До времето на Пописот во 2011 година населението се зголемило на 3.107, од кои 70,62% биле во можност да зборуваат велшки. Населеното место е шесто најголемо населено место на островот по население.

Долгата форма на името била измислена за промотивни цели во 1860-тите години. Дотогаш селото се нарекувало Ланвајрпулгуингил (Llanfairpwllgwyngyll, или во превод „Црква на Света Дева Марија во котлината (Педи) кај белиот лешник“). Блиску до него се наоѓало Лантисилио Гогогох (Llantysilio Gogogoch, „Црква на Свети Тисилио на црвената пештера“), а меѓу нив Хуарн Дробул (Chwyrn drobwllБрз вител“). Од поврзувањето на трите имиња, исто така се формира и денешното име.

Англискиот превод на името наведено на мрежната страница на селото е: Saint Mary's Church in the hollow of the white hazel near a rapid whirlpool and the Church of Saint Tysilio of the red cave. Во близок македонски первод: „Црквата на Света Дева Марија во котлината (Педи) кај белиот лешник околу брзиот вител и црквата на Свети Тисилио на црвената пештера“. Англискиот правопис на слогови од плочата на железничката станица е Llan-vire-pooll-guin-gill-go-ger-u-queern-drob-ooll-llandus-ilio-gogo-goch кој се пренесува како Ланваирпулгвингилгогерихверндробуландисилиогогогох.

Со 58 карактери тоа е најдолгото име на населено место во Европа и второто најдолго официјално име на едно место во светот. Дури и денес, туристите не пропуштат да го сликаат името на селото во станицата.

Photographies by:
Chris McKenna (Thryduulf (talk)) - CC BY-SA 4.0
Statistics: Position
2147
Statistics: Rank
57294

Add new comment

CAPTCHA
Security
675134298Click/tap this sequence: 4131
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Ланваирпулгвингилгогерихверндробуландисилиогогогох ?

Booking.com
491.687 visits in total, 9.211 Points of interest, 405 Destinations, 13 visits today.