Монте Карло (патека)
Патеката Монте Карло — улична патека која се наоѓа на градските улици во Монте Карло и Ла Кондамин околу пристаништето на Кнежевство Монако. Најчесто се нарекува „Монте Карло“, но понекогаш е позната и како „Монако“.
Патеката се користи секоја година за еден викенд во месец мај кога се одржува Големата награда на Монако, дел од календарот на ФИА за Светското првенство во Формула 1, како и Формула 2 и Формула 3000.
Add new comment