Türk çayı ( Руски чај )

Рускиот чај (поретко „турски чај“—тур. Türk çayı) е многу популарен во турското говорно подрачје и во другите балкански земји од некогашната Отоманско Царство. Чајот е важен дел од турската култура и нудењето чај или кафе се смета за знак на пријателство и гостопримство.

Во Македонија и Косово е познат како „руски чај“ (алб. çaj i rusit) поради начинот на приготвување (в. Самовар), додека „турски чај“ поточно се однесува на ризенскиот чај: црн чај произведен во Ризе, турска покраина на источниот брег на Црното Море. Во Турција рускиот чај има тенденција да биде попопуларен од турското кафе кај помладата генерација и во помала мера отколку во другите муслимански земји, чајот ги заменува и алкохолот и кафето како социјален напиток.

Рускиот чај се приготвува типично со помош на чајданлак (тур. çaydanlık)—чајник составен од две котлиња наредени еден врз друг—дизајниран особено за подготовка на чај. Вода се става да се вари во поголемото долно котле, а потоа дел од водата се користи за полнење на помалото горно котле и во него се додава неколку лажици рефус-чај. Останатата вода се користи за да се разредува чајот на поединечна основа, давајќи можност на избор меѓу силен (тур. koyu, „темен“) или слаб (тур. açık, „светол“) вкус. Чајот се служи со коцки шеќер и се пие од мали стаклени чашки (тур. ince belli bardak, „чашка со тенка половина“) кои чуваат топлина и ја покажуваат бојата.

Во Македонија, компанијата Витаминка продава „руски чај“ како дел од својата производна линија на чаеви.