Piazza San Marco

( Плоштад „Свети Марко“ )

Свети Марко (италијански: Piazza San Marco) — главниот плоштад во Венеција, Италија.

Една забелешка, која најчесто му се припишува на Наполеон (но, најверојатно, поточно е дека тоа го кажал Алферд де Мусе) вели дека плоштадот е „Сликарското ателје на Европа“. Плоштадот е едно од ретките урбани простори во Европа, каде човековите гласови го совладуваат звукот на моторизираното движение, што се должи на Венецијанските канали. Тоа е единственото место во Венеција кое се нарекува пјаца. Останатите, во зависност од големината, се нарекуваат кампи.

Како најзначајна забележителност и главно собиралиште во Венеција, Плоштадот Свети Марко е екстремно популарен меѓу туристите, фотографите и венецијанските гулаби. Плоштадот потекнува од 9 век, кога претставувал само мала област пред оригиналната Базилика Свети Марко. Проширен е во 1177 г., кога ја добил неговата сегашна големина и форма и кога биле поставени Рио Батарио, кој го ...Read more

Свети Марко (италијански: Piazza San Marco) — главниот плоштад во Венеција, Италија.

Една забелешка, која најчесто му се припишува на Наполеон (но, најверојатно, поточно е дека тоа го кажал Алферд де Мусе) вели дека плоштадот е „Сликарското ателје на Европа“. Плоштадот е едно од ретките урбани простори во Европа, каде човековите гласови го совладуваат звукот на моторизираното движение, што се должи на Венецијанските канали. Тоа е единственото место во Венеција кое се нарекува пјаца. Останатите, во зависност од големината, се нарекуваат кампи.

Како најзначајна забележителност и главно собиралиште во Венеција, Плоштадот Свети Марко е екстремно популарен меѓу туристите, фотографите и венецијанските гулаби. Плоштадот потекнува од 9 век, кога претставувал само мала област пред оригиналната Базилика Свети Марко. Проширен е во 1177 г., кога ја добил неговата сегашна големина и форма и кога биле поставени Рио Батарио, кој го ограничил од запад, и пристаништето, кое ја изолирало Дуждовата палата од плоштадот. Реорганизацијата била направена во чест на средбата меѓу папата Александар III и владетелот Фридрих Барбароса.

Плоштадот отсекогаш бил гледан како центар на Венеција. Тој бил локацијата на сите значајни канцеларии на Венецијанската држава и бил седиште на Архиепископјата од 19 век наваму. Плоштадот, исто така, бил центар и на многу Венецијански фестивали. И денес плоштадот е многу популарно место.

Photographies by:
Ștefan Jurcă from Munich, Germany - CC BY 2.0
Statistics: Position
1419
Statistics: Rank
88666

Add new comment

CAPTCHA
Security
246185937Click/tap this sequence: 1379
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Плоштад „Свети Марко“ ?

Booking.com
501.119 visits in total, 9.227 Points of interest, 405 Destinations, 1.009 visits today.