Побратски манастир (романски: Mănăstirea Pobrata/Probota) - романски православен манастир во селото Пробота (старо име Побрата), кај гратчето Долхаска, округ Сучава, Романија. Изграден во 1530 година, со Петру IV Рареш како ктитор, тој е еден од осумте градби што ги сочинуваат црквите на Молдавија, светско културно наследство на УНЕСКО, а исто така е наведен како историски споменик од Министерството за култура и религиозни работи на државата.
Add new comment