Сараево

Сараево (бошњачки: Sarajevo, хрватски: Sarajevo/Vrhbosna, српски: Сарајево) — главен град на Босна и Херцеговина и нејзин најголем урбан, културен, економски и транспортен центар. Градот Сараево се состои од четири општини: Центар, Нови Град, Ново Сараево и Стари Град. Според прелиминарните податоци од пописот во 2013 година во Босна и Херцеговина, во Сараево живеат 275.524 жители., додека со околината, која вклучува дел од општината Илиџа, живеат вкупно 555,210 лица.

Поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба.

Низ градот тече реката Миљацка, а во близина на градот се наоѓаат и изворите на реката Босна, к...Read more

Сараево (бошњачки: Sarajevo, хрватски: Sarajevo/Vrhbosna, српски: Сарајево) — главен град на Босна и Херцеговина и нејзин најголем урбан, културен, економски и транспортен центар. Градот Сараево се состои од четири општини: Центар, Нови Град, Ново Сараево и Стари Град. Според прелиминарните податоци од пописот во 2013 година во Босна и Херцеговина, во Сараево живеат 275.524 жители., додека со околината, која вклучува дел од општината Илиџа, живеат вкупно 555,210 лица.

Поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба.

Низ градот тече реката Миљацка, а во близина на градот се наоѓаат и изворите на реката Босна, каде се наоѓа популарното излетничко место Вруток на Босна. Градот е опкружен од Требевиќ, Јахорина, Бјелашница, Игман, Трескавица и Романија.

Градот Сараево е седиште на најголемата високообразовна институција во земјата, Универзитетот Сараево, како и голем број на други високообразовни институции, што го прави еден од најголемите универзитетски центри во целиот регион на Југоисточна Европа. Со неколку национални и градски театри, музеи и културни институции, Сараево е исто така значајно место на културната карта на овој дел од континентот.

Сараево е град со турбулентна историја, која честопати имала влијание на глобалните случувања. Така, во 1914 година во Сараево бил убиен австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд што довело до започнување на Првата светска војна. Седумдесет години подоцна, во 1984 година, во градот се одржале XIV Зимски олимписки игри. Во почетокот на 1990-тите години, името на градот Сараево било испишувано постојано од дневните весници во целиот свет, бидејќи во регионот се одвивала една од најголемите војни во најновата европска и светска историја.

Photographies by:
Statistics: Position
829
Statistics: Rank
128646

Add new comment

CAPTCHA
Security
238419675Click/tap this sequence: 8653
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Сараево ?

Booking.com
492.981 visits in total, 9.215 Points of interest, 405 Destinations, 55 visits today.