Сфинга (романски: Sfinxul) – е природна карпеста формација во Паркот на природата Бучеџи која се наоѓа во Бучеџишките Планини во Романија. Сместена е во комплексот на карпести формации Бабеле, на надморска височина од 2216 метри.
Првата фотографија на „Големата сфинга во Бучеџи“ најверојатно била снимена околу 1900 година. Оваа фотографија била направена фронтално, а не странично, како што обично се појавува на сликите во денешно време. Прекарот, добиен врз основа на наликувањето на Големата сфинга во Гиза, го добила во 1936 година. Сликата на сфингата се појавила кога карпата, со висина од 8 и ширина од 12 метри, била гледана под одреден агол . Мегалитот најјасно се оцртува на 21 ноември, кога Сонцето заоѓа.

Add new comment