Φαράγγι του Βίκου
( Високо (клисура) )Високо или Викос (грчки: Φαράγγι του Βίκου) — длабока клисура во Пинд, во областа Епир. Се наоѓа на јужната страна на планината Тимфи и е со должина од околу 20 км, променлива длабочина од 450 до 1 600 м, како и ширина од 400 м до само неколку метри во најтесниот дел
Се смета за најдлабока клисура или кањон на светот според Гинисовата книга на рекорди.
Клисурата се наоѓа во централниот дел на Националниот парк Високо-Војуша во областа Загори. Започнува меѓу селата Горно Маало, маало на блиското село Везица (Вица), денес Монодрендри и Кукули, и завршува во близина на истоименото село Високо (Вицико, Викос), по кое целата клисура го носи името (или обратно).
Низ клсурата тече Водоматица (Војдоматис) една од притоките на реката Војуша.
Add new comment