Водениот мост Магдебург (германски: Wasserstraßenkreuz) — пловен аквадукт во Германија, отворен во октомври 2003. Го поврзува Каналот Елба-Хафел со Средногерманскиот Канал, преминувајќи ја реката Елба. Познат е по најдолгиот пловен аквадукт во светот, со вкупна должина од 918 метри.
Каналите Елба-Хафел и Средногерманскиот претходно се сретнувале близу Магдебург но, на спротивната страна на Елба, која била на значајно пониско ниво од двата канали. Бродовите поминувале по 12 километри по заобиколниот пат, обратно од Средногерманскиот Канал низ Ротензе во Елба, потоа пловење низводно низ реката, а потоа да се префрли на Каналот Елба-Хафел преку браната Нигрип. Недостигот на вода во Елба често потполно ја прекинувал оваа врска.
Add new comment