Превој Вршич – алпски превој, највисок преслап во Словенија. Се наоѓа на Јулиските Алпи на 1.611 метри надморска висина меѓу врвовите Мојстровка (2.332 м) и Присојник (2.547 м). Тој е најнизок премин од долината на Соча во долината на Сава. Ја поврзува покраината Горењска со Трента. Патот бил изграден за снабдување на австрискиот фронт во Италија, а го изградиле во многу тешки услови околу 10.000 руски воени заробеници во Првата светска војна. Многумина починале заради лошите услови и снежните луњи. На настраданите 300 руски војници денес потсетува Руската капела која стои на патот кон врвот. Покрај капелата се наоѓа масовна гробница – пирамида со натпи „На синовите на Русија“.

Патот од Крањска Гора до врвот е долг 9 километри и со висинска разлика од 811 метри. Секоја година во септември се организира велосипедска рекреативна трка Јуриш на Вршич. На патот кон врвот има три планински дома: Коча на Гозд (1.226 м), Ерјавчева коча (1.515 м), Тичарјев дом (1.620 м)...Read more

Превој Вршич – алпски превој, највисок преслап во Словенија. Се наоѓа на Јулиските Алпи на 1.611 метри надморска висина меѓу врвовите Мојстровка (2.332 м) и Присојник (2.547 м). Тој е најнизок премин од долината на Соча во долината на Сава. Ја поврзува покраината Горењска со Трента. Патот бил изграден за снабдување на австрискиот фронт во Италија, а го изградиле во многу тешки услови околу 10.000 руски воени заробеници во Првата светска војна. Многумина починале заради лошите услови и снежните луњи. На настраданите 300 руски војници денес потсетува Руската капела која стои на патот кон врвот. Покрај капелата се наоѓа масовна гробница – пирамида со натпи „На синовите на Русија“.

Патот од Крањска Гора до врвот е долг 9 километри и со висинска разлика од 811 метри. Секоја година во септември се организира велосипедска рекреативна трка Јуриш на Вршич. На патот кон врвот има три планински дома: Коча на Гозд (1.226 м), Ерјавчева коча (1.515 м), Тичарјев дом (1.620 м) и највисоко на планината е Поштарскиот дом (1.725 м), кој е над превојот Вршич, малку под планинскиот врв Вршич.

На Вршич сè уште се видни утврдувања од Првата светска војна.

Photographies by:
Petar Milošević - CC BY-SA 3.0
Statistics: Position
2317
Statistics: Rank
54643

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
327946158Click/tap this sequence: 2921

Google street view

Where can you sleep near Вршич ?

Booking.com
491.053 visits in total, 9.210 Points of interest, 405 Destinations, 59 visits today.