Етиопија
Context of Етиопија
Етиопија (амхарски: ኢትዮጵያ), официјално: Сојузна Демократска Република Етиопија (የኢትዮጵያ ፌዴራላዊ ዲሞክራሲያዊ ሪፐብሊክ), порано наречена Абисинија — држава во Источна Африка. Зафаќа површина од околу 1.221.900 км2. Се граничи со Еритреја на север, со Џибути на североисток, Сомалија на исток, Кенија на југ и со Судан и Јужен Судан на запад. Главен град е Адис Абеба. Етиопија е самостојна држава од I век, а до 1974 година била кралство.
Поголемиот дел од територијата го зафаќаат планините на Етиопската Висорамнина, со највискиот врв Рас Дашен, 4 623 м. На планините се издвојуваат висински климатски појаси. просечната годишна температура се движи од 13 до 18°С. Количеството врнежи изнесува до 600мм во пониските предели и доколу 1.500 мм на планините.
Етиопија има 79 милиони жители, а просечната густина на населеност изнесува околу 70 жит/км2. Главен град е Адис Абеба, со околу 3 милиони жители. ...Read more
Етиопија (амхарски: ኢትዮጵያ), официјално: Сојузна Демократска Република Етиопија (የኢትዮጵያ ፌዴራላዊ ዲሞክራሲያዊ ሪፐብሊክ), порано наречена Абисинија — држава во Источна Африка. Зафаќа површина од околу 1.221.900 км2. Се граничи со Еритреја на север, со Џибути на североисток, Сомалија на исток, Кенија на југ и со Судан и Јужен Судан на запад. Главен град е Адис Абеба. Етиопија е самостојна држава од I век, а до 1974 година била кралство.
Поголемиот дел од територијата го зафаќаат планините на Етиопската Висорамнина, со највискиот врв Рас Дашен, 4 623 м. На планините се издвојуваат висински климатски појаси. просечната годишна температура се движи од 13 до 18°С. Количеството врнежи изнесува до 600мм во пониските предели и доколу 1.500 мм на планините.
Етиопија има 79 милиони жители, а просечната густина на населеност изнесува околу 70 жит/км2. Главен град е Адис Абеба, со околу 3 милиони жители. Населението се состои од Оромои, Амхари и Тиграи со коптска вера и Сомалијци, Данакили и Гала со муслиманска вера. Помеѓу Црнците има ианимисти или тотемисти. Населението главно живее во селата. Етиопија е административно поделена на 8 региони и претставува федеративна република. Таа е една од најсиромашните земји во светот. Селското стопанство опфаќа 85% од работната сила. Тоа е екстензивно и ниско продуктивно, а главни култури се кафе, шеќерна трска, памук, тутун, лимони, портокали и др. Најважни сточарски гранки се: говедарството, потоа одгледување на овци, кози и камили. Етиопија има слабо развиена индустрија, а природните богатства не се доволно истражени. Таа има наоѓалишта на природен гас, тантал, злато, платина, манган и др. Се одликува со слабо развиена патна мрежа. Нема развиен туризам.
More about Етиопија
- Calling code +251
- Internet domain .et
- Mains voltage 220V/50Hz
- Democracy index 3.38
- Population 120283026
- Area 1104300
- Driving side right