Canada
КанадаContext of Канада
Канада (анг. и фр. Canada) — федеративна држава во Северна Америка составена од 10 покраини и 3 територии. Канада е парламентарна демократија и уставна монархија на Кралицата Елизабета II во рамките на Комонвелтот. По површина, таа е втора земја во светот.
Главен град е Отава (45.41° СГШ 75.66° ЗГД), а најголем е Торонто (43.6° СГШ 79.35° ЗГД) со 5.113.149 жители во областа на градот.. Името Канада доаѓа од зборот каната на индијанците Ирокези околу реката Сент Лоренс кој означувал село или населба. Жак Картие во 1535. год. почнал да го користи тој збор за да ја означи целата територија на Ирокезите. Подоцна, во време на британските колонии од 1841. името Канада се однесувало на две покраини: Горна Канада - околу Големите Езера и Долна Канада околу...Read more
Канада (анг. и фр. Canada) — федеративна држава во Северна Америка составена од 10 покраини и 3 територии. Канада е парламентарна демократија и уставна монархија на Кралицата Елизабета II во рамките на Комонвелтот. По површина, таа е втора земја во светот.
Главен град е Отава (45.41° СГШ 75.66° ЗГД), а најголем е Торонто (43.6° СГШ 79.35° ЗГД) со 5.113.149 жители во областа на градот.. Името Канада доаѓа од зборот каната на индијанците Ирокези околу реката Сент Лоренс кој означувал село или населба. Жак Картие во 1535. год. почнал да го користи тој збор за да ја означи целата територија на Ирокезите. Подоцна, во време на британските колонии од 1841. името Канада се однесувало на две покраини: Горна Канада - околу Големите Езера и Долна Канада околу реката Сент Лоренс. Со Уставниот Акт од 1867, името Канада било прифатено како име на целата држава.
Според многу показатели, како што се Степенот на човеков развој на ОН [1], Индексот на глобализација [2], Квалитетот на живот [3], Одржливоста на животната средина [4] Архивирано на 16 јануари 2016 г., Економските слободи [5] и др. Канада е меѓу најдобрите земји во светот. Во Канада живеат голем број македонски иселеници и нивни потомци.
More about Канада
- Currency Канадски долар
- Native name Canada
- Calling code +1
- Internet domain .ca
- Mains voltage 120V/60Hz
- Democracy index 9.24
- Population 40000000
- Area 9984670
- Driving side right