Context of Словачка

Словачка Република (словачки: Slovenská republika), неофицијално Словачка (Slovensko) или многу ретко Словакија — независна држава во Средна Европа. Има население од околу пет милиони луѓе, а зафаќа површина од 49.000 км2. Словачка нема излез на море и се граничи со Чешка и Австрија на запад, Полска на север, Украина на исток и Унгарија на југ. Најголем град во државата е нејзината престолнина, Братислава. Втор по големина град е Кошице. Словачка е земја членка на Европската Унија, НАТО, ООН, ОЕСР, Светската трговска организација и други.

Словените пристигнале и се населиле на територијата на денешна Словачка во 5 и 6 век за време на големата преселба на народите. За време на историјата, различни делови од денешна Словачка припаѓале на Кралството на Само (првата позната политичка единица на словените), Кнежевството Нитра (како независно, како дел од Голема Моравија и како дел од Кралството Унгарија), Австроунгарија или Хабсбуршкот...Read more

Словачка Република (словачки: Slovenská republika), неофицијално Словачка (Slovensko) или многу ретко Словакија — независна држава во Средна Европа. Има население од околу пет милиони луѓе, а зафаќа површина од 49.000 км2. Словачка нема излез на море и се граничи со Чешка и Австрија на запад, Полска на север, Украина на исток и Унгарија на југ. Најголем град во државата е нејзината престолнина, Братислава. Втор по големина град е Кошице. Словачка е земја членка на Европската Унија, НАТО, ООН, ОЕСР, Светската трговска организација и други.

Словените пристигнале и се населиле на територијата на денешна Словачка во 5 и 6 век за време на големата преселба на народите. За време на историјата, различни делови од денешна Словачка припаѓале на Кралството на Само (првата позната политичка единица на словените), Кнежевството Нитра (како независно, како дел од Голема Моравија и како дел од Кралството Унгарија), Австроунгарија или Хабсбуршкото Царство и Чехословачка. Самостојна Словачка држава кратко постоела и за време на Втората светска војна, во периодот од 1939-1944, со што подоцна Словачка станала независна од нацистичка Германија. Од 1945 година, Словачка повторно станала дел од Чехословачка. Денешната Словачка станала независна на 1 јануари 1993 со мирен распад на Чехословачка.

Денeска Словачка е високо развиена земја со силна економија, со една од најрастечките во ЕУ и ОЕСР. Земјата и се приклучи на Европската Унија во 2004 и на Еврозоната на 1 јануари 2009. Словачка заедно со Словенија се единствените поранешни комунистички земји, кои денеска се дел од Европската Унија, Еврозоната, Шенген зоната и НАТО.

More about Словачка

Basic information
  • Currency Словачка круна
  • Native name Slovensko
  • Calling code +421
  • Internet domain .sk
  • Mains voltage 230V/50Hz
  • Democracy index 6.97
Population, Area & Driving side
  • Population 5449270
  • Area 49035
  • Driving side right

Phrasebook

Здраво
Ahoj
Светот
Svet
Здраво свету
Ahoj svet
Ви благодарам
Ďakujem
Збогум
Zbohom
Да
Áno
бр
Nie
Како си?
Ako sa máš?
Фино, благодарам
Dobre, ďakujem
Колку е?
Koľko to stojí?
Нула
nula
Еден
Jeden

Where can you sleep near Словачка ?

Booking.com
491.302 visits in total, 9.211 Points of interest, 405 Destinations, 146 visits today.