Context of Виена

Виена (германски: Wien) — главен град на Република Австрија и е една од деветте сојузни покраини на државата. Виена е главен град на Австрија, со население од 1,7 милиони (2,3 милиони во метрополитенската област, повеќе од 25% од населението на Австрија) и моментално е најголемиот град во државата и нејзин културен, економски и политички центар. Градот е десетти по големина во Европската Унија. Виена, како центар на Австрија, која во текот на студената војна се сметаше за неутрална земја , е домаќин на голем број меѓународни организации како што се Обединетите Нации и ОПЕК.

Виена се наоѓа во источна Австрија, блиску до Словачка, Чешката Република и Унгарија. Овие региони работат заедно во централниот европски граничен регион. Поради нејзината близина со Братислава, Виена образува метрополитански регион од 3 милиони граѓани. Во 2001 година, центарот на градот стана дел од Светското Наследство на УНЕСКО.

Во една студија од 2005 година, помеѓу 127 светски гра...Read more

Во една студија од 2005 година, помеѓу 127 светски градови, градот Виена заедно со Ванкувер се наоѓа на прво место според квалитет на животот. Ова го потврдиле и студиите на Mercer Survey во 2009 и 2010 година. Исто така, градот бил рангиран на првото место според културата и иновацијата во 2007 и 2008, и на второ место, глобално во 2009, според мислењата на анкетирани граѓани на прашања кои содржеле 162 индикатори, вклучувајќи ги културата, инфраструктурата и др. Виена редовно е домаќин на конференции за урбано планирање.

Според магазинот Monocle, градот зазема високи места според стандардите за живеење, односно се наоѓа на петтото место во 2010.

Where can you sleep near Виена ?

Booking.com
491.363 visits in total, 9.210 Points of interest, 405 Destinations, 33 visits today.