Context of Уругвај

За други значења на зборот „Уругвај“, видете ја страницата за појаснување.

Уругвај (шпански: Uruguay), службено Источна Република Уругвај (República Oriental del Uruguay) — независна држава во Јужна Америка. Уругвај се наоѓа на источната страна на континентот, на источниот брег на реката Уругвај. Уругвај на запад граничи со Аргентина, на север и исток со Бразил, на југ излегува на реката Рио де ла Плата и нејзината делта, а на југоисток на Атлантскиот Океан. Населението на Уругвај е околу 3.44 милиони луѓе, од кои 1,8 милиони живеат во главниот град Монтевидео. Со своите 176,000 км2, Уругвај е втора најмала суверена држава во Јужна Америка по површина, веднаш зад Суринам.

Територијата на Уругвај била населена од Чаруанците 4000 години пред да дојдат португалските истражувачи и колонисти и да ја основаат Колонија Сакраменто во 1680 година. Во споредба со останатите околни јужноамерикански држ...Read more

За други значења на зборот „Уругвај“, видете ја страницата за појаснување.

Уругвај (шпански: Uruguay), службено Источна Република Уругвај (República Oriental del Uruguay) — независна држава во Јужна Америка. Уругвај се наоѓа на источната страна на континентот, на источниот брег на реката Уругвај. Уругвај на запад граничи со Аргентина, на север и исток со Бразил, на југ излегува на реката Рио де ла Плата и нејзината делта, а на југоисток на Атлантскиот Океан. Населението на Уругвај е околу 3.44 милиони луѓе, од кои 1,8 милиони живеат во главниот град Монтевидео. Со своите 176,000 км2, Уругвај е втора најмала суверена држава во Јужна Америка по површина, веднаш зад Суринам.

Територијата на Уругвај била населена од Чаруанците 4000 години пред да дојдат португалските истражувачи и колонисти и да ја основаат Колонија Сакраменто во 1680 година. Во споредба со останатите околни јужноамерикански држави, Уругвај бил колонизиран релативно подоцна. Монтевидео, денешниот главен град, бил основан како воено упориште на Шпанската Империја во раниот 18 век, односно во период кога денешната територија на Уругвај била цел на колонизаторско-експандициони стремежи на Шпанската Империја преку Аргентина од една страна и Португалската Империја преку Бразил од другата страна. Во периодот од 1811 година до 1828 година Уругвај се изборил за својата независност. Туѓото влијание во Уругавј било доминатно во политичко-надворешната сфера на Уругвај, а војската била една од поважните елементи на домашната политика. Следствено на тоа, во 1973 година се одвил државниот удар, со што се основало граѓанското-воено диктаторство. Воената влада гонела лево ориентирани поединци, социјалисти и полтички противници. Воената власт била соборена во 1985 година, и со тоа се основата современата демократска држава.

Уругвај е рангирана на првото место во однос на демократијата, мирот, низок степен на корпупција, е-влада, и прва во Јужна Америка кога е во прашање слободата на медиумите, големината на средната класа и просперитетот. По глава на жител, Уругвај придонесува кон миротворните мисии на ООН најмногу од сите држави. Покрај тоа, државата е на врвот во однос на отсуство на тероризам, единствена таква положба во Јужна Америка. Во регионот е на второт место во однос на економската слобода, еднаквоста на приходите, приход по глава на жител и директни странски инвестиции. Во однос на Индексот на човековиот развој и растот на БДП, иновација и инфраструктура, Уругвај е на третото место на континентот, Според ООН, Уругвај е држава со висок приход на населението. Скоро 95% од електричната енергија на Уругвај доаѓа од обновливи ресурси, воглавно хидроелектрани и ветерници. Уругвај е еден од основачите на ООН, ОАД, Меркосур, СЈАД и Движењето на неврзаните.

Уругвај денес се смета за една од социјално најнапредните држави, со што се издвојува на регионален план, и високо се рангира на светско ниво во однос на човековите права, толеранцијата и прашањата поврзани со интеграцијата на маргинални групи. Списанието „Економист“ (The Economist) го именувал Уругвај за „држава на годината“ за 2013 година.

More about Уругвај

Basic information
  • Native name Uruguay
  • Calling code +598
  • Internet domain .uy
  • Mains voltage 220V/50Hz
  • Democracy index 8.61
Population, Area & Driving side
  • Population 3444263
  • Area 176215
  • Driving side right

Phrasebook

Здраво
Hola
Светот
Mundo
Здраво свету
Hola Mundo
Ви благодарам
Gracias
Збогум
Adiós
Да
бр
No
Како си?
¿Cómo estás?
Фино, благодарам
Bien, gracias
Колку е?
¿Cuánto cuesta?
Нула
Cero
Еден
Una

Where can you sleep near Уругвај ?

Booking.com
491.198 visits in total, 9.211 Points of interest, 405 Destinations, 42 visits today.