Домус Ауреа (латински: Domus Aurea, во превод Златна куќа) претставува антички комплекс кој се наоѓа во Рим, Италија. Комплексот бил изграден во Големиот пожар во Рим во 64 година во времето на римскиот цар Нерон. Објектот служел како императорски дом за Нерон, во кој живеел до неговата смрт во 68 година. Археолозите сметаат дека повеќе тоа било место за одржување на свечености отколку што ја користел како своја резиденција. Домус Ауреа се наоѓа во стариот дел на градот, покривајки делови од ридовите Есквилин, Палатин и Целијан. Градбата на објектот е од тули и бетон. Домус Ауреа е позната по фреските со златна боја со која се насликани ѕидовите, а кој се одлика на богатиот живот на Римјаните во тоа време. Таа се состои од околу 300 соби, а таванот над куполата постојано бил менуван благодарение на механизам којшто бил управуван од страна на робовите. По смртта на Нерон, објектот бил созидан и блиску до објектот императорот Веспазијан го изградил Колосеумот, а и...Read more

Домус Ауреа (латински: Domus Aurea, во превод Златна куќа) претставува антички комплекс кој се наоѓа во Рим, Италија. Комплексот бил изграден во Големиот пожар во Рим во 64 година во времето на римскиот цар Нерон. Објектот служел како императорски дом за Нерон, во кој живеел до неговата смрт во 68 година. Археолозите сметаат дека повеќе тоа било место за одржување на свечености отколку што ја користел како своја резиденција. Домус Ауреа се наоѓа во стариот дел на градот, покривајки делови од ридовите Есквилин, Палатин и Целијан. Градбата на објектот е од тули и бетон. Домус Ауреа е позната по фреските со златна боја со која се насликани ѕидовите, а кој се одлика на богатиот живот на Римјаните во тоа време. Таа се состои од околу 300 соби, а таванот над куполата постојано бил менуван благодарение на механизам којшто бил управуван од страна на робовите. По смртта на Нерон, објектот бил созидан и блиску до објектот императорот Веспазијан го изградил Колосеумот, а императорот Трајан ги изградил Трајанските бањи, арката на императорот Тит итн. Објектот долги години бил во заборав. Кон крајот на XX век започнала голема реставрација на целиот објект, која завршила во 1999 година. Од тогаш палатата станала една од најпопуларните туристички одредишта во Рим.

На 30 март 2010 околу 60 квадратни метри од објектот се урнале, најверојатно од влага. Делот од урнатиот покрив се нарекува Трајанова галерија, според императорот Трајан кој владеел од 98 до 117 г. и наложил на врвот од Златната палата.

Photographies by:
Tyler Bell - CC BY 2.0
Andy Montgomery from Birmingham, AL - CC BY-SA 2.0
Statistics: Position
5202
Statistics: Rank
18378

Add new comment

CAPTCHA
Security
631895742Click/tap this sequence: 6894
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Домус Ауреа ?

Booking.com
538.414 visits in total, 9.233 Points of interest, 405 Destinations, 182 visits today.