Рим
Context of Рим
Рим (италијански: Roma [ˈroːma] ( слушнете), латински: Rōma) — главен град на Италија, посебна општина во Италија (позната како Comune di Roma Capitale) и главен град на Лацио. Со 2,877,215 жители на 1,285.3 км2 исто така е и најголемиот и најнаселениот град и општина и четврти по број на жители град во рамките на Европската Унија. Околу четири милиони жители живеат во римското градско подрачје. Градот се наоѓа во централно-западниот дел на Италијанскиот Полуостров, на самата река Тибар во границите на областа Лацио во Италија. Често градот се нарекува единствен град кој е главен на две држави.
Времетрањето на римската историја се проценува на две и пол илјади години, правејќи го еден од најстарите градови во светот кој сѐ уште егзистира. Овој град бил главен град на Римското К...Read more
Рим (италијански: Roma [ˈroːma] ( слушнете), латински: Rōma) — главен град на Италија, посебна општина во Италија (позната како Comune di Roma Capitale) и главен град на Лацио. Со 2,877,215 жители на 1,285.3 км2 исто така е и најголемиот и најнаселениот град и општина и четврти по број на жители град во рамките на Европската Унија. Околу четири милиони жители живеат во римското градско подрачје. Градот се наоѓа во централно-западниот дел на Италијанскиот Полуостров, на самата река Тибар во границите на областа Лацио во Италија. Често градот се нарекува единствен град кој е главен на две држави.
Времетрањето на римската историја се проценува на две и пол илјади години, правејќи го еден од најстарите градови во светот кој сѐ уште егзистира. Овој град бил главен град на Римското Кралство, Римската Република и Римското Царство, која била доминантна сила во Западна Европа и во земјите кои граничат со Средоземно Море околу седумстотини години, од I век п. н. е. сè до VII од н. е. самиот град се смета за еден од родните места на западната цивилизација. Од I век од н. е. Рим бил седиште на Папата, и по завршувањето на византиската доминација, во 8 век станал главен град на државите со кои владеел Папата, период koj траел до 1870 година. Во 1871 година Рим станал главен град на Кралство Италија, а во 1946 година и главен град на Република Италија.
По годините на средниот век, Рим бил под дирекција на Папите, како Александар VI и Лав X, кои го промениле градот во еден од најголемите центри на Италијанската ренесанса, заедно со градот Фиренца. Денешната градба на базиликата св. Петар како и Систинската капела била насликана од страна на Микеланџело. Познати уметници и архитекти, како што биле Браманте, Бернини и Рафаел престојувале некое време во Рим, придонесувајќи за ренесансата и барокната архитктура на самиот град.
Рим бил рангиран во 2010 година како светски град од страна на „Организацијата за најважните светски градеви“, како и 28-ми по ред најважен глобален град. Во 2016 година, Рим бил рангиран како 13-ти по ред најпосетуван град во светот, 3-ти најпосетуван град во границите на Европската Унија, и најпопуларна туристичка атракција во Италија. Овој град е еден од најуспешните европски градеви. Неговиот историски центар е на списокот на УНЕСКО како светско културно наследство. Спомениците и музеите како што е Ватиканските музеи и Колосеумот се помеѓу 50-те најпосетувани туристички одредишта (музеите на Ватикан со 4,2 милиони туристи и Колосеумот со 4 милиони туристи секоја година). Рим бил домаќин на Летните олимписки игри во 1960 година.