花見 ( Ханами )

Ханами (花見code: ja is deprecated ) е јапонски традиционален обичај на набљудувања и уживање во убавината на цвеќето. Тоа е најчесто цвеќе на јапонската цреша сакура или пак јапонските кајсии уме. Сакура расцутува прво на островот Кјушу кон (крајот на март), понатаму простирајќи се кон Хоншу, за да кон крајот на мај ги разубави и краевите на Хокаидо. На Окинава сакура се расцутува дури на почетокот на февруари. Бидејќи периодот кога црешата цути е краток (1-2 недели), се врши прогнозирање на цутењето кое го известува заводот за временска прогноза. Во модерната Јапонија, ханами често се одигрува во вид на собирања на познаници под дрвото на црешата, со песна, пиење на традиционалниот јапонски пијалак саке, храна и слатки. На многу места, како Уено паркот, се закачуваат и хартиени светилки заради ноќните собири под крошните, познати како јозакура (夜桜).

Destinations