Дворецот Химеџи (姫路城, Химеџи-џо) ― комплекс од јапонски замоци сместени во местото Химеџи во префектурата Хуогхо а кој се состои од 83 дрвени згради. Неформално е познат како Хакуројо или Ширасагијо („Замок на белите чапји“) кој го добил поради својата бела надворешост.
Регистриран е од страна на УНЕСКО како еден од првите локалитети на Светско наследство, а во декември 1993 пет градби во рамки на замокот биле означени како Национално богатство. Заедно со замоците Мацумото и Кумамото претставува еден од „Трите славни замоци“ во Јапонија, па е најпосетен меѓу нив.
Add new comment