Меркат

Меркат или сурикат (науч. Suricata suricatta) — мал месојад припадник на семејството на мунгоси (науч. Herpestidae). Станува збор за единствениот член на родот Suricata. Меркатите можат да се забележат во пустината Калахари во Боцвана, во дел од пустината Намиб во Намибија и југозападна Ангола, и во Јужна Африка. Група од меркати се нарекува „толпа“, „банда“ или „клан“. Еден клан на меркати може да има околу 20 меркати, но некои натсемејства може да имаат и над 50 членови. Во заробенитво, меркатите имаат просечен животен век од 12-14 години, или пак половина од тоа во дивината.

Овие животни можат да се видат во Зоо Скопје. и Зоо Битола.