Context of Јужноафриканска Република

Јужна Африка пренасочува тука. За регионот видете Јужна Африка (регион). За други значења, видете Јужна Африка (појаснување).

Јужноафриканската Република, Јужна Африка или ЈАР е република сместена на јужниот крај на Африка. Се граничи со Намибија, Боцвана, Зимбабве, Мозамбик и Свазиленд. Лесото е независна енклава, целосно опкружена со територијата на Јужна Африка.

Јужна Африка има најбројно население од европско потекло во Африка, најбројно индиско население вон Азија, како и најбројна обоена (од мешано евроафриканско потекло) заедница во Африка, што ја прави една од најшарените земји во етничка смисла на континентот. Расните и етничките борби помеѓу мнозинството на црнците и малцинството на белците играле голема улога во историјата и политиката на земјата. Националната партија ја воведува политиката на апартхејд по победата на изборите во 1948, но истата партија под водството на Ф.В. де Клерк ќе започне да ја напушта таа политика...Read more

Јужна Африка пренасочува тука. За регионот видете Јужна Африка (регион). За други значења, видете Јужна Африка (појаснување).

Јужноафриканската Република, Јужна Африка или ЈАР е република сместена на јужниот крај на Африка. Се граничи со Намибија, Боцвана, Зимбабве, Мозамбик и Свазиленд. Лесото е независна енклава, целосно опкружена со територијата на Јужна Африка.

Јужна Африка има најбројно население од европско потекло во Африка, најбројно индиско население вон Азија, како и најбројна обоена (од мешано евроафриканско потекло) заедница во Африка, што ја прави една од најшарените земји во етничка смисла на континентот. Расните и етничките борби помеѓу мнозинството на црнците и малцинството на белците играле голема улога во историјата и политиката на земјата. Националната партија ја воведува политиката на апартхејд по победата на изборите во 1948, но истата партија под водството на Ф.В. де Клерк ќе започне да ја напушта таа политика во 1990, по долга борба со мнозинството црнци, како и многу белци, обоени и Индијци од Јужна Африка.

Земјата е една од ретките во Африка што никогаш не доживеала државен удар и редовни и демократски избори се одржуваат од 1994, што ја прават регионална сила и една од најстабилните либерални демократии во Африка. Економијата на Јужна Африка е најголема и најразвиена на целиот африкански континент, со модерна инфраструктура низ целата земја.

More about Јужноафриканска Република

Basic information
  • Calling code +27
  • Internet domain .za
  • Mains voltage 230V/50Hz
  • Democracy index 7.24
Population, Area & Driving side
  • Population 62027503
  • Area 1221037
  • Driving side left

Where can you sleep near Јужноафриканска Република ?

Booking.com
490.933 visits in total, 9.210 Points of interest, 405 Destinations, 15 visits today.