Context of Малави

Малави, официјално Република Малави (МФА: malaβi, поранешен Њасаленд) е демократска, густо населена република во Јужна Африка. Се протега на 500 километри во правец север-југ и се граничи со Замбија на северозапад, Танзанија на север, и со Мозамбик на исток, југ и запад. Потеклото на името Малави сѐ уште е нејасно; се верува дека потекнува или од јужните племиња, или се однесува на „сјаењето на сонцето над езерото“ (како на знамето).

Земјата нема излез на море, но излегува на езерото Малави, или Њаса, трето по површина езеро во Африка, кое опфаќа околу петтина од површината на земјата и кое има 8 притоки и стотици водни текови. Ова езеро е дел од Долината на Големиот Гребен и се протега речиси на целата источна граница на државата.

Малави има површина од 118.484 км2. Се претпоставува дека има над 12 милиони жители. Главен град е Лилонгве, а други поголеми градови се Блантаир, Зомба итн. Најбројно население е Малави, но има и други племињ...Read more

Малави, официјално Република Малави (МФА: malaβi, поранешен Њасаленд) е демократска, густо населена република во Јужна Африка. Се протега на 500 километри во правец север-југ и се граничи со Замбија на северозапад, Танзанија на север, и со Мозамбик на исток, југ и запад. Потеклото на името Малави сѐ уште е нејасно; се верува дека потекнува или од јужните племиња, или се однесува на „сјаењето на сонцето над езерото“ (како на знамето).

Земјата нема излез на море, но излегува на езерото Малави, или Њаса, трето по површина езеро во Африка, кое опфаќа околу петтина од површината на земјата и кое има 8 притоки и стотици водни текови. Ова езеро е дел од Долината на Големиот Гребен и се протега речиси на целата источна граница на државата.

Малави има површина од 118.484 км2. Се претпоставува дека има над 12 милиони жители. Главен град е Лилонгве, а други поголеми градови се Блантаир, Зомба итн. Најбројно население е Малави, но има и други племиња, како Макуа, Ломбе и др. Религијата е претставена со анимизам, тотемизам, христијанство и ислам. Службен јазик е англискиот.

До 1964 година Малави бил британска колонија под името Њасаленд. Во првите триесет години со земјата владеел прозападниот и авторитарен Хејстингс Банда, а во 1994 се одржани првите повеќепартиски избори за претседател и парламент, на кој Банда бил симнат од власт.

Малави е сиромашна, главно земјоделска земја. Главен извозен производ е тутунот. БДП за 2004 е проценет на 600 американски долари по жител, мерено по индексот на куповна моќ.

Where can you sleep near Малави ?

Booking.com
491.101 visits in total, 9.211 Points of interest, 405 Destinations, 142 visits today.