Context of Боцвана

Боцвана (цвана: Botswana; англиски: Botswana) или официјално Република Боцвана (Lefatshe la Botswana, Republic of Botswana) — држава во Јужна Африка. Државата порано била британски протекторат познат како Бечуаналенд. Откако државата се стекнала со независност на 30 септември 1966 година, официјалното име биле променето во денешната форма. Боцвана се граничи со Јужна Африка на југ и југоисток, со Намибија на запад и на север и со Зимбабве на североисток. Боцвана има допирна точка со Замбија, но овој дел од границата не е добро утврден. Главен град на државата е Габороне, а службени јазици се цвана и англискиот. Боцвана има вкупна површина од 581.730 км2 и население од 2.029.307 жители според проценките од 2010 година.

Топографски земјата е рамнинска и околу 70% од територијата зафаќа пустината Калахари. Боцвана има нешто над 2 милиони жители и тоа ја прави една од најслабо населените држави во светот....Read more

Боцвана (цвана: Botswana; англиски: Botswana) или официјално Република Боцвана (Lefatshe la Botswana, Republic of Botswana) — држава во Јужна Африка. Државата порано била британски протекторат познат како Бечуаналенд. Откако државата се стекнала со независност на 30 септември 1966 година, официјалното име биле променето во денешната форма. Боцвана се граничи со Јужна Африка на југ и југоисток, со Намибија на запад и на север и со Зимбабве на североисток. Боцвана има допирна точка со Замбија, но овој дел од границата не е добро утврден. Главен град на државата е Габороне, а службени јазици се цвана и англискиот. Боцвана има вкупна површина од 581.730 км2 и население од 2.029.307 жители според проценките од 2010 година.

Топографски земјата е рамнинска и околу 70% од територијата зафаќа пустината Калахари. Боцвана има нешто над 2 милиони жители и тоа ја прави една од најслабо населените држави во светот. Боцвана била една од најсиромашните држави во Африка во моментот кога се стекнала со независност во 1966 година со БДП од 70 долари по глава на жител. Денес, Боцвана е една од најбрзо растечките економии во светот со БДП од 14.400 долари по глава на жител. Државата е дом на еден релативно стабилен политички систем и брзорастечка пазарна економија. Економијата на земјата е една од најуспешните во Африка и брзо се развива услужниот сектор, светски познатата дијамантска индустрија, туризмот и производството.

Where can you sleep near Боцвана ?

Booking.com
538.404 visits in total, 9.233 Points of interest, 405 Destinations, 171 visits today.