Piazza Navona

( Пјаца Навона )

Пјаца Навона (италијански: Piazza Navona) е плоштад во Рим. Плоштадот е направен според план на Римски циркус, 1-во вековниот Стадион на Домицијан, каде Римјаните доаѓале да гледаат агони („игри“): денешното име настанало со искривоколчување на изразот во агонија, во nagone и navona, што на Италијански значи „голем број“.

Дефиниран како плоштад во последните години на 15-от век, кога градскиот пазар бил префрлен овде од Кампидољо, Пјаца Навона денес е гордост на барокен Рим. Има скулптури и архитектонски дела од: Џан Лоренцо Бернини, познатата Фонтана на четирите реки, 1651) во средината; Франческо Боромини и Џироламо Рајналди, црквата Света Агнеса во Агонија; и од Пјетро да Кортона, кој ја насликал галеријата во палатата Пампиљ.

Традиционалниот пазар во 1869 бил преместен во Кампо де Фјори, но плоштадот е исто така традиционален домаќин на театарски и куклени претстави, трки на коњи, двобои на витези. Од 1652, секој...Read more

Пјаца Навона (италијански: Piazza Navona) е плоштад во Рим. Плоштадот е направен според план на Римски циркус, 1-во вековниот Стадион на Домицијан, каде Римјаните доаѓале да гледаат агони („игри“): денешното име настанало со искривоколчување на изразот во агонија, во nagone и navona, што на Италијански значи „голем број“.

Дефиниран како плоштад во последните години на 15-от век, кога градскиот пазар бил префрлен овде од Кампидољо, Пјаца Навона денес е гордост на барокен Рим. Има скулптури и архитектонски дела од: Џан Лоренцо Бернини, познатата Фонтана на четирите реки, 1651) во средината; Франческо Боромини и Џироламо Рајналди, црквата Света Агнеса во Агонија; и од Пјетро да Кортона, кој ја насликал галеријата во палатата Пампиљ.

Традиционалниот пазар во 1869 бил преместен во Кампо де Фјори, но плоштадот е исто така традиционален домаќин на театарски и куклени претстави, трки на коњи, двобои на витези. Од 1652, секоја сабота и недела во август, плоштадот се претварал во езеро за да се слави фамилијата Пампиљ. Прославата била прекината во 1866.

Пјаца Навона содржи уште две фонтани на Џакомо дела Порта — Нептуновата фонтана (Fontana di Nettuno) од (1574), сместена во северниот дел на Пјаца Навона, и Фонтана на Маварот (Fontana del Moro) од (1576), сместена во јужниот дел на плоштадот.

Други споменици на плоштадот се:

  • Палатата на Купис (Palazzo de Cupis)
  • Палатата Торес Масимо Ланчелоти (Palazzo Torres Massimo Lancellotti)
  • Црквата „Богородица на Светото срце“ Nostra Signora del Sacro Cuore
  • Палатата Браши (Музеј на Рим) Palazzo Braschi (Museo di Roma)
Photographies by:
NikonZ7II - CC BY-SA 4.0
Statistics: Position
4483
Statistics: Rank
23483

Add new comment

CAPTCHA
Security
954376128Click/tap this sequence: 8131
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Пјаца Навона ?

Booking.com
492.599 visits in total, 9.212 Points of interest, 405 Destinations, 82 visits today.