Sombrero de charro ( Сомбреро )

Сомбреро (шпански: sombrero што значи шешир) на македонски јазик подразбира препознатлив шешир со потекло и од Мексико и од Филипини. Зборот е изведен од зборот sombra, што значи сенка. Иако ги подразбирал сите видови на шешир, се смета дека каубојците значењето на зборот го пренеле само на овој посебен вид на шешири.

Денас сомбреро е заштитен знак на мексиканските музичари попознати како Маријачи, а вообичаено, освен во Мексико, се носи и по целата Јужна Америка и Шпанија. Во Мексико шеширите за посиромашните слоеви прават од мах од слама или палмини влакна, додека сомбрерата за побогатите слоеви и господата се прави од најфиниот филц, со додаток на украси, како што се траките на обод. Дизајнот на сомбреро е многу разноличен, па овие шешири се наоѓаат во мноштво бои, шари и со различити украсими.

Destinations