Ајни

Ајните или народот Ајну (ајнски: アィヌ, Айну; јапонски: アイヌ ; руски: Айны), исто така познати како Езо (蝦夷) во историските јапонски текстови, ― источноазиска етничка група домородна во Северна Јапонија, првобитните жители на Хокаидо (и порано североисточен Хоншу) и некои од нејзините блиски руски територии (Сахалин, Курилските Острови, Хабаровски крај и Полуостровот Камчатка).

Според службените проценки, вкупното ајнско население во Јапонија е 25.000. Неослужбените проценки го ставаат вкупното население на 200.000 или повеќе, бидејќи скоро вкупната асимилација на Ајните во јапонското општество резултирало со тоа што многу поединци со ајнско потекло немаат знаење за нивното потекло. Во 1966 година, бројот на „чисти“ Ајни бил околу 300.

Destinations