Αλέξανδρος ο Μέγας ( Александар III Македонски )

За други историски личности со името Александар III, видете Александар III.

Александар III Македонски или Александар Велики (Пела, 20/21 јули 356 — Вавилон, 10/11 јуни 323 г. пр. н. е.) — античко-македонски крал од династијата Аргеади, син на Филип II Македонски и Олимпија, ќерка на молоскиот владетел Неоптолем. Римјаните му го дале прекарот Magnus — „Велик“.

Бил воспитуван во духот на македонската аристократска традиција. На тринаесетгодишна возраст бил подучуван од филозофот Аристотел во неговото училиште во тогашниот град Миеза наречено Миески нимфеј, западно од денешното село Копаново, Негушко. Неговото образование ги опфаќало: поезијата, астрономијата, геометријата, реториката, натпреварите во гимнастички вежби, јавањето и ловот. На шеснаесетгодишна возраст, Филип му го доверил управувањето над Македонија, додека тој бил во поход против Византион. Првиот поход на Александар бил против Мајдите, племе во горниот тек на реката Стримон, кога ја извојувал првата воена победа и го основал град под името Александрополис, прв од многуте кои подоцна ги подигнал. На осумнаесетгодишна возраст учествувал во славната Битка кај Хајронеја, заедно со својот татко Филип, кога здружените сили на Хелените биле разбиени. По убиството на Филип, Македонското собрание го прогласило за владетел на Македонија. Како македонски крал, неговата прва воена акција била насочена против хеленските полиси кои се обиделе да ја отфрлат македонската власт. Александар ги принудил да го потврдат Коринскиот договор, според кој тој ја наследува титулата Хегемон на Хелените. Во 335 г. пр. н. е., ги поразил Трибалите и нивните сојузници Гетите и преку илирската територија се спушил во Хелада, каде што започнало ново востание насочено против македонската власт, потикнато од Демостен, со центар во Теба. Александар ги поразил Тебанците и ја принудил Атина да го прифати понудениот мировен договор.

Read more

Во 334 год. пр. н. е., со 40.000 војници го започнал својот поход против Персија и навлегол во Мала Азија преку Хелеспонт, кај Сест. Првиот судир со персиската војска се случил кај реката Граник на Пропонтида. По победата, Александар продолжил со својот пробив. Градот Сард се предал без борба, а во градовите во Ајолида и Јонија, меѓу кој бил и Ефес, го пречекале како ослободител. Единствено Милет и Халикарнас се спротиставиле. По овие освојувања ја поделил војската на два дела, едниот дел на чело со Парменион заминал во Сард каде што требало да презими, а другиот дел тргнал во поход преку Карија, Ликија и Памфилија, освојувајќи ги сите градови и тврдини. Во 333 г. пр. н. е., во Гордион, престолнината на фригиските кралеви (Гордиј и Мида), се собрала целата војска. Тука, според една легенда, Александар го пресекол со меч неразврзливиот гордиев јазол, со што го исполнува пророштвото дека ќе загосподари со Азија. Во освоените територии најчесто го задржувал постојниот административен систем: сатрапиите — основни административни единици на чело со сатрапи, а најчесто Персијците, ја имале цивилната и воената власт, освен во Лидија, каде што бил поставен Македонец. Финансиската власт ја раководеле Македонци, а македонската војска ја контролира освоената територија.

Првата битка со големиот крал (крал на кралевите) Дариј III се случила кај Ис во 333 г. пр. н. е., каде што Александар со својата војска победил, а Дариј избегал од бојното поле. Во Феникија ги освоил градовите Тир и Газа. Во Египет бил дочекан како ослободител и бил прогласен за фараон. Во градот Мемфис, египетските свештеници му ја предале двојната круна на египетските фарони. Во 331 г. пр. н. е., на делтата на реката Нил го основал градот Александрија. Преку Сирија, навлегол во северна Месопотамија. Во 331 г. пр. н. е. во Битката кај Гавгамела извојувал победа против бројна персиска војска. По победата, се прогласил за крал на Азија и влегол во градот Вавилон, еден од главните центри на Персиското Царство. Отаму, продолжил кон срцето на Персија и ја освоил Суза, втората престолнина на персиската држава, а набргу во негови раце се нашол и градот Екбатана. Неговата потера на персискиот крал Дариј завршила во Хекантопил, каде што било пронајдено телото на Дариј Кодоман (бил убиен од персисикиот сатрап Бес). По закопувањето на Дариј, со сите кралски почести, Александар како персиски крал се упатил на север кон Хирканија и Партија, области на југ од Каспиското Море. Во периодот помеѓу 330 — 327 г. пр. н. е., Александар престојувал во Бактрија и Согдијана. Во Бактрија во 327 г. пр. н. е., се оженил со иранката Роксана, која подоцна го родила неговиот син Александар. Во походот во Индија, кај реката Хидасп во 326 г. пр. н. е., Александар ја водел својата последната битка против Пор, кралот на Пенџап. По големата победа над овој индиски владетел, ги присоединил земјите од оваа страна на Инд кон својата империја. На местото на Битката кај Хидасп, Александар го основал градот Никаи (Победа), а во близина подигнал уште еден град, наречен Букефала, во чест на неговиот коњ Букефал. На бреговите на реката Хифаст подигнал дванаесет жртвеници на боговите и столб на кој пишувало: „Овде застанал Александар“.

На врќање од Индија, на брегот на реката Инд, основал нова Александрија, еден од 17-те градови под ова име. На брегот на Индискиот Океан, неговата војска се поделила на два дела, едната под команда на Александар се движела по копно, а другата под команда на Неарх, пловела 80 дена. По враќањето од својот индиски поход, Александар планирал нови походи. Тој наредил да се извршат подготовки за поморско патување околу Арапскиот Полуостров до Картагина и до островите на Херакле (Мелкарт), најстариот теснец меѓу Европа и Африка (денес Гибралтар). Овие планови, пропаднале поради неговата смрт.

Александар останува запаметен како еден од најголемите освојувачи во историјата на човештвото и непобедив воин, творец на Новиот Свет, на новата епоха позната како хеленизам, на новиот поредок.

Destinations