Anadolu Hisarı

( Анадолски Хисар )

Анадолски Хисар (турски: Anadolu Hisarı) или Замок Ѓузелџе — музеј кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Овој објект се наоѓа на Босфорот, а бил изграден во времето на султанот Бајазит I. Неговата површина зазема 7.000m² и претставува најстара градба во заземаниот Цариград. Мостот Фатих султан Мехмет се наоѓа северно од тврдината, во непосредна близина. Спротивно од Анадолскиот хисар се наоѓа тврдината Румелихисар, која била изградена во периодот од 1451 до 1452 година од страна на Мехмед II. Изградбата на овие тврдини главно била поради контрола на морскиот сообраќај покрај Босфорот, кој од особено значење била за венецијаните кои биле сојузници на Византија.

Анадолски хисар бил изграден како тврдина. Објектот е висок 25 метри, главната кула има форма на неправилен пентагон со пет караули на секој агол. Во тврдината има изградено џамија. Таа претставува една од најстарите турски архитектурни структури изградени во денешниот Истанбул. Султанот Мехмед II тврд...Read more

Анадолски Хисар (турски: Anadolu Hisarı) или Замок Ѓузелџе — музеј кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Овој објект се наоѓа на Босфорот, а бил изграден во времето на султанот Бајазит I. Неговата површина зазема 7.000m² и претставува најстара градба во заземаниот Цариград. Мостот Фатих султан Мехмет се наоѓа северно од тврдината, во непосредна близина. Спротивно од Анадолскиот хисар се наоѓа тврдината Румелихисар, која била изградена во периодот од 1451 до 1452 година од страна на Мехмед II. Изградбата на овие тврдини главно била поради контрола на морскиот сообраќај покрај Босфорот, кој од особено значење била за венецијаните кои биле сојузници на Византија.

Анадолски хисар бил изграден како тврдина. Објектот е висок 25 метри, главната кула има форма на неправилен пентагон со пет караули на секој агол. Во тврдината има изградено џамија. Таа претставува една од најстарите турски архитектурни структури изградени во денешниот Истанбул. Султанот Мехмед II тврдината ја заобиколил со додавање на два метри дебел ѕид, со три дополнителни караули. Поради различните намени на тврдината во текот на османлискиот период, објектот не го задржал својот оригинален изглед. По освојувањето на градот, објектот служел и како затвор.

Денеска, објектот е претворен во музеј.

Photographies by:
Statistics: Position
3605
Statistics: Rank
31651

Add new comment

CAPTCHA
Security
275864139Click/tap this sequence: 3115
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Анадолски Хисар ?

Booking.com
492.330 visits in total, 9.211 Points of interest, 405 Destinations, 388 visits today.