Context of Буркина Фасо

Буркина Фасо (француски: Burkina Faso) — држава во Западна Африка без излез на море. Граничи со Мали на север, Нигер на исток, Бенин на југоисток, Того и Гана на југ и со Брегот на Слоновата Коска на југозапад.

Буркина Фасо има вкупна површина од 274.000 км2 со 15.757.000 жители. Поранешното име на државата е Горна Волта, но на 4 август 1984 името на државата било променето во сегашното име од страна на претседателот Томас Санкара. Името доаѓа од називот за „земја на исправени луѓе“ на море и диула.

Главен град на Буркина Фасо е Уагадугу. Буркина Фасо ја стекнала својата независност од Франција во 1960 година и низ процесот на реоформување на државата повеќе системи на владеење биле променети. Денешен претседател на државата е Блез Компаоре. Според индексот на човеков развој, Буркина Фасо се наоѓа на последните шест места.

Where can you sleep near Буркина Фасо ?

Booking.com
490.231 visits in total, 9.200 Points of interest, 404 Destinations, 1 visits today.