Context of Гвинеја

Ова е статија за државата во Западна Африка. За останати значења на поимот видете ја страницата за појаснување.

Гвинеја (француски: Guinée) или официјално Република Гвинеја (француски: République de Guinée) е држава во Западна Африка. Државата порано била позната како Француска Гвинеја (Guinée française), но денес е познато под своето официјално име, но и под името Гвинеја-Конакри за да се разликува од соседната Гвинеја-Бисао. Главен град на Гвинеја е Конакри, кој воедно е и најголем град и седиште на владата.

Вкупната површина на Гвинеја е 246.000 km2. Формата на државата е во вид на полумесечина која се протега од западниот дел кој излегува на Атлантскиот Океан кон источниот и јужниот дел кој се гранечи со соседните држави. На север државата граничи со Гвинеја-Бисао, Сенегал и Мали, на југ со Сиера Леоне, Либерија и Брегот на Слоновата Коска. На територијата на Гв...Read more

Ова е статија за државата во Западна Африка. За останати значења на поимот видете ја страницата за појаснување.

Гвинеја (француски: Guinée) или официјално Република Гвинеја (француски: République de Guinée) е држава во Западна Африка. Државата порано била позната како Француска Гвинеја (Guinée française), но денес е познато под своето официјално име, но и под името Гвинеја-Конакри за да се разликува од соседната Гвинеја-Бисао. Главен град на Гвинеја е Конакри, кој воедно е и најголем град и седиште на владата.

Вкупната површина на Гвинеја е 246.000 km2. Формата на државата е во вид на полумесечина која се протега од западниот дел кој излегува на Атлантскиот Океан кон источниот и јужниот дел кој се гранечи со соседните држави. На север државата граничи со Гвинеја-Бисао, Сенегал и Мали, на југ со Сиера Леоне, Либерија и Брегот на Слоновата Коска. На територијата на Гвинеја живеат дваесет и четири етнички групи, од кои најголеми се Фула, Мандинка и Сусу. Службен јазик во државата е францускиот.

Where can you sleep near Гвинеја ?

Booking.com
491.180 visits in total, 9.211 Points of interest, 405 Destinations, 24 visits today.