Централноафриканска Република

Context of Централноафриканска Република

Оваа статија е за независната држава во Африка. За африканскиот регион со исто име видете „Централна Африка“.

Централноафриканската Република (француски: République centrafricaine, санго: Ködörösêse' 'tî Bêafrîka), позната и само како Централна Африка или под скратеницата ЦАР, е независна држава во Централна Африка. Државата се граничи со Чад на север, со Судан на североисток, со Јужен Судан на исток, со ДР Конго и Република Конго на југ и со Камерун на запад. Централноафриканската Република има вкупна површина од 240,000 километри квадратни и со население од околу 4.4 милиони жители, според проценките за 2008 година. Главен град на државата е Банги, службени јазици се францускиот и санго и најголема религија во земјата е христијанството.

Повеќето од територијата на ЦАР е покриена со суданско-гвинејско савани. Во северниот дел на земјата има сахелско-суданска зона, а во јужниот дел на земјата има екват...Read more

Оваа статија е за независната држава во Африка. За африканскиот регион со исто име видете „Централна Африка“.

Централноафриканската Република (француски: République centrafricaine, санго: Ködörösêse' 'tî Bêafrîka), позната и само како Централна Африка или под скратеницата ЦАР, е независна држава во Централна Африка. Државата се граничи со Чад на север, со Судан на североисток, со Јужен Судан на исток, со ДР Конго и Република Конго на југ и со Камерун на запад. Централноафриканската Република има вкупна површина од 240,000 километри квадратни и со население од околу 4.4 милиони жители, според проценките за 2008 година. Главен град на државата е Банги, службени јазици се францускиот и санго и најголема религија во земјата е христијанството.

Повеќето од територијата на ЦАР е покриена со суданско-гвинејско савани. Во северниот дел на земјата има сахелско-суданска зона, а во јужниот дел на земјата има екваторски прашуми. Две третини од земјата е дел од басенот на реката Убанги, која тече кон југ кон реката Конго. Остатокот од земјата е дел од басенот на реката Шари, која тече северно кон езерото Чад.

Бидејќи главните географски карактеристики во земјата се реките Убанги и Шари, за време на колонијалниот период Франција ја именувала колонијата како Убанги-Шари (Oubangui-Chari). Убанги-Шари станала полуавтономна територија во 1958 година, а се стекнала со целосна независност на 13 август 1960 година. Три децении по независноста, државата била управувана од претседатели и еден император кои или не биле демократски избрани или ја зазеле власта насилно. Локалното незадоволство било поддржано од меѓународната јавност по завршувањето на Студената војна.

1 things to do in Централноафриканска Република

Where can you sleep near Централноафриканска Република ?

Booking.com
491.160 visits in total, 9.211 Points of interest, 405 Destinations, 3 visits today.