Context of Република Конго

Не ја поистоветувајте оваа држава со Демократска Република Конго. За други значења видете Конго.

Конго (француски: Congo; конгоански: Kongo; лингала: Kongó) или официјално Република Конго (француски: République du Congo; конгоански: Repubilika ya Kongo; лингала: Republiki ya Kongó) или уште позната како Конго-Бразавил или Мало Конго е држава во Централна Африка. Државата се граничи со Габон на запад, со Камерун на северозапад, со Централноафриканската Република на север, со Демократска Република Конго на запад и југ и со Ангола или поточно со ексклавата Кабинда на југозапад. На југозапад државата излегува на Атлантскиот Океан. Главен и најголем град е Бразавил, додека службен јазик е францускиот.

Порано државата била француска колонија. По независноста, регионот Средно Конго во 1960 година станал ...Read more

Не ја поистоветувајте оваа држава со Демократска Република Конго. За други значења видете Конго.

Конго (француски: Congo; конгоански: Kongo; лингала: Kongó) или официјално Република Конго (француски: République du Congo; конгоански: Repubilika ya Kongo; лингала: Republiki ya Kongó) или уште позната како Конго-Бразавил или Мало Конго е држава во Централна Африка. Државата се граничи со Габон на запад, со Камерун на северозапад, со Централноафриканската Република на север, со Демократска Република Конго на запад и југ и со Ангола или поточно со ексклавата Кабинда на југозапад. На југозапад државата излегува на Атлантскиот Океан. Главен и најголем град е Бразавил, додека службен јазик е францускиот.

Порано државата била француска колонија. По независноста, регионот Средно Конго во 1960 година станал Република Конго. Прво државата била со комунистички систем и била позната како Народна Република Конго, но во 1991 година се променила во повеќепартиски систем. Вкупната површина на Република Конго изнесува 342.000 километри квадратни каде живеат 3.686.000 жители.

Where can you sleep near Република Конго ?

Booking.com
491.423 visits in total, 9.211 Points of interest, 405 Destinations, 49 visits today.