Context of Франција

Франција (француски: France) ( /ˈfræns/ ), официјално Француска Република (француски: République française) — демократска држава чиј главен дел од територијата (матичен дел) се наоѓа во Западна Европа и која по површината е најголема во Европската Унија (551.500 км2), и втора по население (матичен дел) со 64.897.954 жители (1 јануари 2020). Во нејзиниот состав влегуваат прекуморските поседи и територии (DOM — TOM) сместени на други континенти, така што нејзината вкупна површина изнесува 675.417 км2, а вкупното население 67.063.703 жители (1 јануари 2020).

Франција се граничи со Белгија, Луксембург, Германија, Швајцарија, Италија, Монако, Андора и Шпанија. Франција со своите прекуморски владенија и територии исто така се граничи со Бразил и Суринам (во делот на границите на Француска Гвајана), како и со ...Read more

Франција (француски: France) ( /ˈfræns/ ), официјално Француска Република (француски: République française) — демократска држава чиј главен дел од територијата (матичен дел) се наоѓа во Западна Европа и која по површината е најголема во Европската Унија (551.500 км2), и втора по население (матичен дел) со 64.897.954 жители (1 јануари 2020). Во нејзиниот состав влегуваат прекуморските поседи и територии (DOM — TOM) сместени на други континенти, така што нејзината вкупна површина изнесува 675.417 км2, а вкупното население 67.063.703 жители (1 јануари 2020).

Франција се граничи со Белгија, Луксембург, Германија, Швајцарија, Италија, Монако, Андора и Шпанија. Франција со своите прекуморски владенија и територии исто така се граничи со Бразил и Суринам (во делот на границите на Француска Гвајана), како и со Антилите (во делот на Свети Мартин). Франција е поврзана со Обединетото Кралство преку Евротунелот, кој минува под големиот проток Ламанш.

Франција е демократска држава, организирана како унитарна полупретседателска република. Таа е развиена држава чија модерна економија е петта по големина во светот (2009). Нејзините главни вредности се изразени во Декларацијата за правата на човекот и на граѓанинот.

Главен, а воедно и најголем град, со повеќе од 12 милиони жители, е Париз. Службен јазик на Франција е францускиот јазик. Во регионите се говорат и други дијалекти, говори и јазици како гасконски, провансалски, бретонски и др.

Франција е најголемата франкофонска држава во светот по број на говорители, но втора по број на жители, по Демократска Република Конго со околу 67 милиони. Главна религија во Франција е католичката со 64 %, 31 % се атеисти а 5 % од населението се муслимани.

Франција е една од земјите основачи на Европската Унија, една од основачите на НАТО и на ОН и е постојана членка на Советот за безбедност при ОН.

Таа припаѓа на Еврозоната и на Шенген-зоната, членка е на Франкофонијата и на Латинската унија, дел од групата Г8 најразвиени земји во светот и на Организацијата за економска соработка и развој (OCDE).

Како воена сила, Франција ја поседува главната војска во Европската Унија при што таа е една од седумте земји кои официјално поседуваат атомско вооружување.

Шеф на државата е претседателот, а кабинетот го возглавува премиерот.

More about Франција

Basic information
  • Currency Евро
  • Native name France
  • Calling code +33
  • Internet domain .fr
  • Speed limit 130
  • Mains voltage 400V/50Hz
  • Democracy index 7.99
Population, Area & Driving side
  • Population 67749632
  • Area 643801
  • Driving side right

Phrasebook

Две
Deux
Три
Trois
Четири
Quatre
Петка
Cinq
Шест
Six
Седум
Sept
Осум
Huit
Девет
Neuf
Десет
Dix
Помош!
Aider!
Храна
Aliments
Пиво
Bière

Where can you sleep near Франција ?

Booking.com
492.959 visits in total, 9.215 Points of interest, 405 Destinations, 30 visits today.